НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за верски заедници oчекува во најскоро време вселенскиот патријарх да го издаде томосот за МПЦ-ОА

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 6, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комисијата за односи со верските заедници соопшти дека како надлежен државен орган за религиските прашања и односи, со особено внимание го следи понатамошниот развој на процесот на препознавањето на автокефалниот статус на нашата славна и древна Охридска архиепископија од православната екумена.

– Официјализирањето на соборските одлуки на Српската православна црква – Пеќска патријаршија и издавањето на адекватен акт предаден вчера при сослужувањето на двете сестрински цркви во храмот „Св. Архангел Михаил“ во Белград ја заслужува нашата почит, истиот го поздравуваме и го оценуваме како важен чекор кој ја претставува зрелоста, подготвеноста и достојноста на нашата света црква за автокефално достоинство, информира Комисијата за односи со верските заедници.

Според Комисијата, тоа е чекор кој ги покажува надминатите управни прашања помеѓу двете цркви и чекор кој води кон крајната цел, посакувана од генерации  наши православни верници и изразена преку едногласното барање на црквата и државата за издавање на официјален томос за автокефалност од надлежната инстанца во православната екумена, Вселенската патријаршија, претставена од првопрестолниот архиереј Неговата Сесветост архиепископот на Константинопол, Новиот Рим и вселенски патријарх Вартоломеј.

Комисијата ја нагласува важноста од очекуваното сослужување во седиштето на Вселенската патријаршија во Фанар, закажано за 12 јуни, со кое ќе се официјализира историски значајната одлука за признавање и прифаќање на Охридската архиепископија во литургиско и канонско единство, после неколку вековни искушенија за нашата древна народна црква.

– Изразуваме радост и надеж за тековниот развој на процесот, особено го истакнуваме очекувањето во поскоро време согласно неоспорливите надлежности и права Вселенскиот патријарх да го издаде томосот за автокефалност, со целосна важност и валидност, кој ќе придонесе во заштитата и унапредувањето на соборното православие, мир и единство, стои во соопштението на Комисијата за верски заедници.

верски заедници Охридска архиепископија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

ВЕСТИ August 4, 2025

 Драматичните моменти низ кои минува израелскиот заложник Ром Браславски во Газа се забележани во нов…

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.