Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Со затвор од шест месеци до пет години може да се соочи сторителот на пожарот на Центарот во Битола

0
By НОВА ТВ Balaban on June 7, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Фото: архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, June 7, 2022 14:29

Со казна затвор од шест месеци до 5 години може да се соочи сторителот на потпалувањето на влезната врата на Kултурниот центар „Иван Михаилов“ во Битола на 4 јуни.

Од ОЈО за НоваТВ пред малку изјавија:

– До овој момент, до ОЈО Битола не е поднесена кривична пријава за настанот. Надлежниот јавен обвинител е известен дека едно лице е лишено од слобода и се постапува за утврдување на фактите.

МВР бара одредување мерка притвор заради тоа што, како што нагласи Спасовски, се исполнети условите по однос на таквото барање, а министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, денеска  информираше дека е приведено 34 годишното лице Л.А од Битола, но тој не потврди, ниту негираше дека сторителот е пејачот Ламбе Алабакоски.

Како што претходно соопшти МВР, „лицето е приведено во полициска станица и при извршен службен разговор во целост го признало делото, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по чл. 288 ст.1 од Кривичниот законик“.

Според Кривичниот законик, член 288, став 1 е Предизвикување општа опасност „Тој што со пожар, поплава, експлозија, отров или отровен гас, јонизирачко зрачење, моторна сила, електрична или друга енергија или со друго општоопасно дејствие или средство ќе предизвика значителна опасност за животот или телото на луѓето или за имот од големи размери, ќе се казни со затвор од шест месеци до пет години“.

Во КЗ се додава дека „Тој што делото од ставовите 1, 2 и 3 го стори од небрежност, ќе се казни со парична казна или со затвор до три години“.

 

затвор Кривичниот законик сторителот на пожарот Центарот во Битола
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
shortcut
ФОКУС
June 27, 2026

Каракас: Расте бројот на жртви од земјотресите во Венецуела – досега се евидентирани над 1.000 но над 50.000 граѓани се водат за исчезнати

ВЕСТИ June 27, 2026

Спасувачките екипи и натаму трагаат по преживеани под урнатините по двата силни земјотреси што ја…

САД извршија нови напади врз Иран

June 26, 2026

Венецуела не доживеала ваков земјотрес повеќе од 100 години

June 25, 2026

Каракас: Разорен земјотрес – загинати и повредени во Венецуела

June 25, 2026
ТИКЕР

Драма во кинескиот главен град – мал авион удри во највисокиот облакодер

June 26, 2026

Врховниот суд на САД му даде зелено светло на Трамп за депортација на

June 26, 2026

Грабнал автомобил под закана со нож и почнал да гази луѓе

June 25, 2026

Тирана: Еко протести – се бара оставка од Рама

June 23, 2026

Голем пожар во трговскиот центар „Ењуб“ во главниот град на Србија

June 15, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.