„Поврзувањето на нашите економии, создавањето на заеднички регионален пазар од преку 10 милиони жители е една од причините за создавање на иницијативата „Отворен Балкан“ која го поттикнува економскиот раст, овозможува слободно движење на луѓе меѓу државите истовремено поддржувајќи го и унапредувајќи го туризмот“, рече вицепремиерот Битиќи.
„Да ја отвориме соработката за споделување на искуствата, за можностите, за напредокот и развој на туризмот на Западен Балкан со својата единственост како додадена вредност за развој и иднина на нашиот регион“, посочи вицепремиерот Битиќи на денешната пленарната сесија „Отворен Балкан отвора туризам“, во рамки на Самитот на „Отворен Балкан“.
Министерот Бектеши истакна дека туризмот, иако е еден од најбрзорастечките економски сектори во нашата држава, располага со големи можности за привлекување на странски и домашни инвестиции и можност за отворање нови работни места.
Тој додаде дека и потпишувањето на Меморандумот за соработка помеѓу трите земји е во насока на зајакнување на економската соработка во делот на туризмот, при што компаниите и граѓаните на земјите од регионот ќе добијат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји.
Таа тука посочи дека со подобрувањето на воздушната и копнената инфраструктура, поврзувајќи ја Тирана со Скопје, Приштина, Подгорица, Белград, Сараево и обратно, регионалните дестинации стануваат лесно достапни како викенд дестинации.
Според албанската министерка за туризам и животна средина, овој документ го отвора патот за претставување на земјите во заеднички платформи за промоција, еднакво важно за институциите и приватниот сектор.
Министерката Матиќ, истакна дека земјите од регионот се залагаат за носење решенија, кои носат брз развој и напредок, отворајќи и можност за поефикасен пат до Европската Унија.
Српската министерка за трговија, туризам и телекомуникации подвлече дека со денеска потпишаниот Меморандумот за разбирање и соработка во областа на туризмот, се отвора ново поглавје во туристичката историја на регионот и се очекуваат позитивни резултати кои ќе донесат огромен развој на оваа гранка.
Во рамки на оваа пленарна сесија со свои дискусии и видувања учествуваа и претставниците на стопанските комори на трите држави, Зоран Јовановски, потпретседател на Стопанската комора на Северна Македонија, Ненад Ѓурѓевиќ, советник на претседателот на Стопанската комора на Србија и Инес Мукостепа, претседател на Унијата на трговско-индустриските комори на Албанија, кои разговараа за интензивирање на соработката преку утврдување заедничка понуда кон светските пазари, што ќе го промовира „Отворен Балкан” како атрактивна дестинација.
Во дискусијата на претставниците од стопанските комори, беше заклучено дека реалниот потенцијал на регионот, археолошките и природни богатства, винскиот туризам, угостителството отвораат можности да се оствари потенцијалот за остварување на Отворен Балкан отвора туризам.