Основното јавно обвинителство Скопје покрена истражна постапка против три лица за злоупотреба на службена положба и за фалсификување исправа, како и за поттикнување на првоосомничениот да изврши злоупотреба на службената положба.
Во периодот од јули 2020 до мај 2021 година, едниот од групата кој работел како референт во МВР во Скопје, поттикнат од другите двајца, ја искористил својата службена положба и овластување и извршил повеќе кривични дела со кои на другите двајца им им донел имотна корист од 174.052 евра.
Вториот и третиот осомничен, во наведениот период, поднесувале фалсификувани документи за регистрација на луксузни автомобили на кои им било извршено прикривање и промена на оригиналните идентификациски броеви. Првиот осомничен, без да ги направи неопходните проверки на целокупната документација, им овозможувал да ги регистрираат возилата и потоа да ги препродадат на трети лица.
Обвинителот за сите тројца бара притвор.