НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Воспоставување на брза лента на границите за туристичките автобуси во рамки на „Отворен Балкан“

0
By НОВА ТВ Balaban on June 9, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот на Сојузот на стопански комори, Трајан Ангелоски  и претседателот на Туристичко-угостителската комора, Аркан Керим беа дел од самитот „Отворен Балкан“ кој се одржа во Охрид, како настан од голема важност на кој присуствуваа највисоки државни претставници од нашата земја, Албанија, Србија кои се дел од  Црна Гора и Босна и Херцеговина, како и претставници на деловните мрежи, туристичкиот сектор, соопштија од Сојузот на стопански комори на Македонија. 

Претседателот на Сојузот, Ангелоски истакна дека иницијативата „Отворен Балкан“, е исклучително важна бидејќи ќе ја унапреди економската соработка во регион, што сега е потребно повеќе од кога било порано, ако се земат во предвид сите негативните фактори кои ги зесегаат бизнисите, граѓаните и општествата пошироко.

„Ние како претставници на бизнис заедницата ставаме акцент на забрзување на протокот на луѓе и стоки што е од особено значење за непречено одвивање на деловните активности. Во таа насока истакнуваме иницијатива за воспоставување на зелена линија за движење на патници и туристички автобуси во земјите кои се дел од „Отворен Балкан“, истакна Ангелоски.

Претседателот на Туристичко-угостителската комора при Сојузот, Аркан Керим појаснува дека иницијативата се однесува на организираните туристички автобуси за кои би се овозможило брз проток на граничните премини во земјите од „Отворен Балкан“ како и за организирани туристички посети кои доаѓаат од трети земји.

„ Автобусите сега се задржуваат на граничните премини два до три часа што е навистина загубено време. Ова е проблем на речиси сите гранични прекини. Затоа и ја истакнуваме оваа иницијатива која ќе има значаен позитивен ефект. Туроператорите или туристичките агенции кои ги организираат патувањата ќе имаат обврска една недела пред патувањето да ги информираат граничните служби за личните податоци на патниците како име и презиме и бројот на патната исправа “, појаснува Керим.

Претставниците на Сојузот во рамките на самитот остварија средби со високите претставници на државните институции од другите земји како и со претставниците на стопанските комори на кои меѓу другото акцент се стави на големиот потенција за развој на туризмот.

„Нашата иницијатива беше одлично прифатена бидејќи сите се соочуваме со истиот проблем. Се договоривме заеднички да работиме на реализација на оваа идеја, секој во својата земја и до септември да се обидеме ова да го имплементираме во пракса“, истакнува претседателот на Туристичко-угостителската комора.

За реализација на оваа иницијатива позитивно окружување создава и Меморандумот за разбирање за соработка во областа на туризмот, кој го потпишаа министери од нашата земја, Албанија и од Србија. Со овој документ се предвидуваат активности за заедничка промоција на регионот како атрактивна туристичка дестинација.

     

 

брза лента на границите ССК
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.