НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Европските економии ќе бидат најсилно погодени од војната во Украина, предупредува ОЕЦД

0
By Sashko on June 9, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Фото: romania-insider.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Светската економија оваа година нагло ќе забави поради војната во Украина, која ја намали куповната моќ на граѓаните, а Европа ќе претрпи најтешки последици, предупреди Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД).

Светската економија во 2022 година ќе порасне за три отсто, проценува ОЕЦД, намалувајќи ја својата декемвриска прогноза за 1,5 процентни поени. Растот, пак, во 2023 година би требал малку да забави, на 2,75 отсто, пресмета организацијата во последниот извештај.

„Најтешко ќе бидат погодени европските економии, бидејќи тие се најмногу изложени на војната преку увоз на енергија и прием на бегалци. Економијата на еврозоната оваа година ќе порасне за 2,6 отсто, половина помалку од 2021 година. Се очекува инфлацијата да достигне седум проценти во 2022 година и да забави до 4,6 проценти во 2023 година“, проценува ОЕЦД.

Германската економија, според ОЕЦД, ќе порасне за 1,9 отсто во оваа година и за 1,7 отсто во 2023 година, бидејќи „закрепнувањето од корона-кризата ќе биде попречено од војната во Украина и ембаргото на руската нафта“.

„Се предвидува дека Франција оваа година ќе има раст од 2,4 отсто, што би требало да забави на 1,4 отсто во 2023 година. Поради војната во Украина, италијанскиот БДП ќе порасне за само 2,5 отсто оваа година, по скокот од 6,6 отсто во 2021 година и ќе забави на 1,2 отсто во наредната година. Оваа година се очекува раст на економијата на Шпанија за 2,2 отсто поради зголемената неизвесност, високата инфлација и послабата надворешна побарувачка, а британскиот БДП ќе порасне за 3,6 отсто во 2022 година и ќе стагнира во 2023 година“, покажуваат пресметките на ОЕЦД.

„Економијата на САД ќе порасне за 2,5 отсто оваа година, по растот од 5,7 отсто во 2021 година, бидејќи проблемите со снабдувањето, повисоките цени на нафтата и побрзото темпо на нормализирање на монетарната политика ќе ги забават активностите повеќе од очекуваното“, соопшти ОЕЦД.

Јапонија го запре бранот на инфекција со варијантата омикрон на коронавирусот, па очекувањата се дека економијата ќе порасне за 1,7 проценти оваа година и за 1,8 проценти во 2023 година.

„Поради пандемските ограничувања, кинеската економија нагло забави и ќе порасне за само 4,4 проценти во оваа година, а потоа ќе забрза во 2023 година, со проектирана стапка на раст од 4,9 проценти“, проценува ОЕЦД.

Војната во Украина негативно влијае и на индиската економија, со оглед на нејзината зависност од увоз на енергија. Така, растот на индискиот БДП во фискалната 2022 година би требало да забави на 6,9 отсто и на 6,2 отсто во 2023 година.

Во исто време, руската инвазија врз Украина ги намали надежите дека високата инфлација поттикната од прекините на снабдувањето во пандемијата на Ковид-19 ширум светот наскоро би можела да ослабне.

„Со оглед на тоа што Русија и Украина се водечки снабдувачи со многу суровини, нивните цени нагло се зголемија поради војната. Доколку нешто не се преземе, постои голема опасност и од криза во снабдувањето со храна“, предупреди ОЕЦД.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Ураганот „Ерин“ достигна четврта категорија, предупредувања за источниот брег на САД

August 18, 2025

Трамп: Голем напредок околу Русија, следете!

August 17, 2025

Вучиќ: Во следните три или четири дена државата ќе преземе решителни мерки за враќање на мирот и поредокот во Србија

August 17, 2025

Зеленски: Рускoто одбивање за преговори за прекин на огнот ја комплицира ситуацијата

August 17, 2025

Мерц со критика за самитот Трамп–Путин: Помалку ќе беше повеќе

August 17, 2025
ФОКУС

Армијата го слави 33-от роденден со свеченост во касарната во Штип

ВЕСТИ August 18, 2025

Во касарната „Јане Сандански“ во Штип денеска ќе се одржи централна свеченост по повод 33.…

Најмалку 21 лице загина чекајќи хуманитарна помош во Газа

August 17, 2025

Скопје 19.00: Почесна артилериска стрелба по повод Денот на Армијата

August 17, 2025

Белград: И ноќва масовни протести низ цела Србија, масовно присуство на српската полиција и нови облаци од солзавец

August 16, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.