НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Расправата за уставните судии се одложи, пратениците бараат одговори за несреќите во Тетово и во Бугарија

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 9, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Седницата на собраниската Комисија за избори и именувања на која требаше да продолжи расправата за предлозите за избор на судии на Уставниот суд на предлог на ВМРО-ДПМНЕ се одложи за еден час.

Тоа се случи поради, како што образложи пратеничката Дафина Стојаноска, за да можат пратениците да присуствуваат на Анкетната комисија за заштита на правата на граѓаните која се одржува во исто време, а на која треба да се расправа за пожарот во модуларната болница во Тетово и за автобуската несреќа во Бугарија. Претседателката на Комисијата за избори и именувања Марија Георгиевска го прифати предлогот на опозициската партија. По обвинувањата на пратениците од опозицијата дека неслучајно е избран термин за расправа за уставните судии во речиси исто време со седницата на Анкетната комисија за да се дефокусира прашањето на одговорноста за двете големи несреќи, Георгиевска рече дека не може да биде одговорна и за седниците на другите собраниски тела.

Претходно, беше оневозможено да почне расправата за двете големи несреќи поради немање кворум, а Халил Снопче, претседателот на Постојаната комисија за заштита на слободите и правата на граѓаните, изјави дека власта на овој начин не дозволува  да се расправа за информацијата за сообраќајната несреќа на автобусот на „Беса транс“ и за несреќата во модуларната болница во Тетово во кои загинаа 60 лица. Сепак, по реакциите на опозицијата, расправата на оваа седница доби приоритет.

Комисијата за избори и именувања се очекува да расправа за уште осум предложени судии, а прифатен е само предлогот Фатмир Скендер да биде уставен судија. Претходно се расправаше за предлогот професорката Родна Живковска да биде уставен судија, но немаше гласање.

За уставни судии се предложени и републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, како и на Татјана Васиќ Бозаџиева која работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство, предлози од владејачките партии, но и на универзитетските професори Саво Климовски и Родна Живковска, судијата во пензија Бранко Секуловски, обвинителот Тодор Витларов, судијката од Управниот суд Весна Јовановска и јавниот обвинител Војислав Димовски од Основното јавно обвинителство во Охрид, предложени од ВМРО-ДПМНЕ.

Уставниот суд во моментот, од предвидените девет, работи без четворица судии на кои им истече мандатот.

С.М.

 

 

Собрание уставни судии
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.