НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Битиќи од Венеција: Само со интеграција и со взаемна соработка може да се победи кризата

0
By НОВА ТВ Balaban on June 10, 2022 ЕКОНОМИЈА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ние сме мала земја аспирант за членство во ЕУ, но можеме да бидеме чинител којшто во заедничкиот мозаик на ЕУ ќе биде дел којшто не треба да се заобиколи, порача денеска заменик премиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи од Венеција, Италија каде со  министерот без ресор задолжен за дијаспората, Џемаил Чупи, градоначалници и претставници на стопанските комори на  Северна Македонија учествуваа на Бизнис форум на градоначалници и стопанственици од двете земји.

-Овие два дена ги претставуваме можностите за концептот Near m-shoring и за вредносниот ланец којшто можеме да го донесеме во нашата земја. Затоа што видовме дека взаемната соработка е неизбежна со сите земји коишто се дел од Европа, нагласи Битиќи.

Вицепремиерот порача дека во новиот предизвик во којшто Европа се наоѓа, а тоа е војната во Украина и економската криза, заедно со енергетската криза, само заеднички интегрирани со заемна соработка и  солидарност можеме да ја превладаме оваа криза.

Мунир Шемси, претседател на Асоцијацијата „АПИ НОРТЕСТ“ и организатор на средбата во Италија, појасни дека проектот „АПИ“ во иднина ќе постане стопанска комора, како и дека имаат проект да се направи градежна професионална школа но и план да се направи школо во Македонија за медицински лица.

-Се надеваме дека ова ќе биде еден мост помеѓу нашите две земји и дека ќе имаме благородна соработка, Нагласи Шемши.

Заменик градоначалникот на Венеција Симоне Вентурини порача дека тие имаат потреба за институционална соработка на економско ниво и нагласи дека е убеден дека „АПИ“ ќе ги донесе дома сите овие цели коишто ги има зацртано.

Вицепремиерот Битиќи одговарајќи на новинарско прашање како Македонија ќе го имплементира овој проект, рече дека Владата на Република Северна Македонија ги нуди сите поволности, според него, можеби најдоброто во опкружување во ЈИЕ.

-Иако сме аспиранти за влез во ЕУ целосно сме усогласени со ЕУ-директивите и самиот факт дека сме земја членка на НАТО укажуваме дека сме земја за безбедна инвестиција. За сите италијански компании тоа значи само 12 часа далеку со кој било транспорт до нивното место во Италија. Јас секогаш велам дека 12 часа се секако помалку од 120 или 180 дена. И за тоа сме спремни со целосната инфраструктура како што е сообраќајната инфраструктура, но и законската инфраструктура која што треба да ги поврзе компаниите, појасни Битиќи.

битиќи Венеција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.