Американскиот претседател Џо Бајден ги продолжи вонредните мерки за Балканот за уште една година, соопшти Белата куќа.
„Актите на екстремистичко насилство и опструктивни активности и ситуацијата на Западен Балкан, која го попречува напредокот кон ефикасно и демократско владеење и целосна интеграција во трансатлантските институции, продолжуваат да претставуваат невообичаена и екстремна закана за националната безбедност и надворешната политика на САД“, се вели во соопштението на Белата куќа.
Неопходно е да се продолжат итните мерки прогласени со Извршниот декрет 13219 кога станува збор за Западен Балкан, кој предвидува санкции против физички и правни лица кои на некој начин се вклучени во екстремистички активности во регионот, се наведува во одлуката на Белата куќа.