Австрискиот канцелар Карл Нехамер изјави дека Австрија ќе го поддржи статусот на Украина како кандидат за членство во ЕУ само под услов да нема двојни стандарди во процесот на проширување, нагласувајќи дека мора да се применуваат истите критериуми како и за кандидатите од Западен Балкан.
„Не би било замисливо да и одобрам кандидатски статус за Украина, а во исто време да ги држам надвор државите, како што е БиХ“, нагласи Нехамер за германскиот весник „Велт“.
Во меѓувреме, австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг изјави дека Европската унија има одговорност не само кон Украина, туку и кон земјите од Западен Балкан, коментирајќи ја вчерашната поддршка на Киев од лидерите на Франција, Германија, Италија и Романија.Александар Шаленберг истакна дека сега мора да биде јасно дека процесот на проширување е од посебно значење.
„ЕУ не смее да потпадне под геостратешката „тунелска визија“. Ние имаме одговорност не само кон Украина туку и кон земјите од Западен Балкан, кои се кандидати со години“, објасни Шаленберг.