НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Меѓувладина конференција на Македонија и ЕУ на 23 јуни сепак ќе има?

0
By Соња Крамарска on June 17, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Најавите се дека сепак е можно на 23 јуни да се случи и да се организира меѓувладина конференција на Северна Македонија со ЕУ, секако тоа ќе биде еден позитивен исчекор напред, а потоа е можно усогласувања и договори меѓу Северна Македонија и Бугарија со поддршка на ЕУ, вели во интервју за МИА шефот на хрватската дипломатија Гордан Грлиќ-Радман.

Шефот на хрватската дипломатија оценува дека сите услови се подготвени да се почне и оти очекуваат и подготвеност од Бугарија за да се најде заедничко решение.

„Сите прашања што ќе се отворат подоцна можат да се решаваат и паралелно. Мислам дека е многу важно сега да се почне со пристапни преговори со цел да се испрати важна порака на земјите од Западен Балкан – а тоа е дека ЕУ е подготвена да се вклучи, оти Западен Балкан е дел од европскиот простор, дека е важен геополитички и геостратешки простор“, подвлече Радман.

Грлиќ-Радман, кој учествуваше на Преспа форумот во Охрид, вели дека е многу важно да се придонесува за мирот и стабилноста и да се види остварување на желбата на Северна Македонија која е определена за членство во ЕУ и оти, вели, дека сме заедно во европското семејство.

„Француското претседателство секако е важно. Франција сака да покаже дека е водечка држава во земјите -членки на ЕУ, а тоа и е. И Франција и Германија се големи и одговорни земји. Францускиот претседател Макрон лани за време на посетата на Хрватска рече дека нему му е многу важен самитот за Западен Балкан и дека секако е заинтересиран и оти Франција силно ќе поддржи отворање преговори со Северна Македонија и со Албанија, бидејќи тоа е и во интерес и за безбедноста на Европската Унија“, нагласи Радман во интервјуто за МИА.

23 јуни Гордан Грлиќ Радман Меѓувладина конференција
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025
ФОКУС

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

ВЕСТИ August 4, 2025

Во најновите руски напади извршени 405 напади врз 10 населени места во Запорожјето, а три…

Нови пожари над Богомила, кај Ваксинце, Дречевица и Грешница

August 4, 2025

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

August 3, 2025

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.