„Продолжуваме со нашиот активизам и во рамките на парламентот, институциите и низ улиците, ќе не гледате низ градовите и маалата“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во вечерашното интервју во емисијата „Анализа“ на Телевизија 24.
Мицкоски потенцира дека во периодот кој што следува ќе има протестно лето. „Ќе нѐ гледате се почесто на улиците, пред институциите и маалата таму каде што цениме дека треба да го изразиме револтот заедно со граѓаните. Во период кој што следи ќе имаме протестно лето. Тоа протестно лето и оваа активна блокада во парламентот ќе траат сѐ додека тие се оперативни, нормално во рамките на парламентот. Потоа на есен имаме предвидено нов сет на чекори, така што ќе биде динамично“, рече претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ. (С.К.)