Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Унгарија ја нуди својата територија како пат за извоз на жито од Украина

0
By Соња Крамарска on June 20, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 20, 2022 21:34

Унгарија ја понуди својата територија како потенцијален пат за извоз на жито од Украина, бидејќи вообичаените патишта преку Црното Море се блокирани, изјави денеска унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.

Украина беше главен светски производител на житарици и маслодајни семиња, но нејзиниот извоз драстично се намали откако Русија ја нападна на 24 февруари.

Поради руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море, Киев се обидува да извезува по копнен, речен и железнички пат.

Сијарто рече дека Унгарија понудила своја територија за да се овозможи храната од Украина да стигне таму каде што треба, „главно до Северна Африка и Блискиот Исток“.

Унгарскиот министер за надворешни работи, кој излезе со тој предлог на состанокот на министрите за надворешни работи на ЕУ, не кажа колку жито Украина може да извезе преку Унгарија, но додаде дека може да се активираат два логистички центри на источната граница на Унгарија за да се олесни товарот.

„Доколку некој вид житарки и други производи се извезуваат од Украина на Блискиот Исток или Северна Африка преку Унгарија, тоа може да се постигне во краток рок“, рече Сијарто, додавајќи дека со железница може брзо да се дојде од Унгарија до Југоисточна Европа.

Сијарто рече дека Унгарија го понудила и својот транспортен капацитет за украинските житни култури. (МИА)

извоз на жито од Украина Унгарија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
shortcut
ФОКУС
August 13, 2026Updated:August 13, 2026

Халкидики гори: Огнот ги лизна и куќите – Сивири и Фурка евакуирани

ВЕСТИ August 13, 2026

Грчките централни но и локалните власти велат дека мачно но сепак пожарот го имаат под…

Политико: Зеленски направи голема политичка грешка на Балканот

August 12, 2026

Европа заплисната од рекордни жештини – во ек е петтиот врел бран

August 11, 2026

ФЗО не ѝ попушта ниту на полицијата

August 11, 2026
ТИКЕР

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026

Рачна бомба експлодира пред зграда во главниот српски град – оштетени автомобили и локали

August 6, 2026

И Данска се милитарилизира – воведува нова 11-месечна воена

August 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.