Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тренчевска: Граѓаните мора да добијат каква било услуга од јавниот сектор, дијалогот продолжува

0
By НОВА ТВ Balaban on June 22, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 22, 2022 13:13

Уверувам дека институциите ќе ги даваат услугите кон граѓаните и ќе бидат функционални за време на штрајкот, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, откако членовите на Сојузот на синдикатите на Македонија денеска стапија во генерален штрајк за линеарно зголемување на платите во јавниот сектор за 2.806 денари и враќање на правото за регрес за годишен одмор од 2023 година.

Тренчевска порача дека граѓаните кои имаат потреба од каква било услуга од јавниот сектор мора да ја добијат услугата. Јавните службеници – администрацијата за тоа е и платена да испорачува услуги кон граѓаните, нагласи Тренчевска.

Во Министерството за труд и социјална политика утрово никој не пријавил дека штрајкува, рече Тренчевска и дополни  дека институциите за социјална и детска заштита функционираат нормално, а онаму кадешто ќе имаат работници кои штрајкуваат ќе биде обезбедено непречно функционирање на институциите.

Тренчевска нагласи  дека решавањето на проблемите со платите е приоритет, а ад хок решенијата, како што укажа, не носат добри резултати, ниту трајни решенија, што било посочено и на вчерашниот состанок со ССМ.

-Општиот колективен договор и социјалниот дијалог за општиот колективен договор треба да продолжи и ќе продолжи и таму да го најдеме системското решение, а тоа е нова методологија која ќе биде вклучена во општиот колективен договор и која што ќе значи системско решавање на проблемот со платите во јавниот сектор, односно континуирано зголемување на платите на вработените во јавниот сектор, рече Тренчевска. 

Линеарното покачување на 2.806 денари на сите вработени во јавен сектор, според министерката, не е решение и во овие услови нема да направи ништо.

-Значи, треба да пристапиме и да продолжиме со социјалниот дијалог којшто е единствен начин да се дојде до решавање на проблемите помеѓу Синдикатот, социјалните партнери односно од една страна Синдикатот, од другата страна Владата. Владата покажува политичка волја, подготвеност да најдеме решение и повикуваме да продолжиме со социјалниот дијалог за да дојдеме до решение кое ќе го реши проблемот на вработените во јавниот сектор, изјави Тренчевска.

Дополнително на подготовката и потпишувањето на општиот колективен договор, како што рече Тренчевска започнуваат со процес на подготовка на закон за плати во јавниот сектор, со кој очекува дека ќе биде решен проблемот со платите во јавниот сектор.

Од ССМ претходно најавија дека само десет проценти од вработените ќе работат онаму каде што е потребно за итни случаи. Тие како дел од активностите за штрајкот изутрината поставија 120 столчиња пред Собранието со потсетување до пратениците да го прифатат нивниот амандман со ребалансот на Буџетот, да се обезбедат средства за линеарно зголемување на платите за 2 806 денари, како во јавниот, така и во приватниот сектор.

 

граѓаните Тренчевска
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
ФОКУС
April 29, 2026

Цените на нафтата нагло пораснаа по објавувањето на планот на Трамп за Ормускиот теснец

ВЕСТИ April 29, 2026

Цените на нафтата на светските пазари нагло скокнаа по веста дека Соединетите Американски Држави подготвуваат…

Доаѓа време на вистина, правда и одговорност – прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче  

April 28, 2026

Вајц: Македонија може да изгуби 47 милиони евра ако не ги спроведе реформите

April 27, 2026

Вашингтон: Успешен инженер и наградуван наставник пукал на вечерата на Трамп

April 26, 2026
ТИКЕР

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026

Протекоа документи: Албанската опозиција му платила на лобистот на Трамп со парите на Дерипаска

April 25, 2026

Силен земјотрес го погоди Крит

April 24, 2026

Автобус тргна назад и прегази патници во Бугарија – двајца загинати и 16 повредени

April 22, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.