Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Анкета на ЕИБ-ЕБОР-СБ за подготвеноста на претпријатијата од Западен Балкан за нова криза

0
By Mirjana on June 22, 2022 ЕКОНОМИЈА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, June 22, 2022 16:01

Нова Анкета за претпријатијата на ЕИБ-ЕБОР-СБ: Дали компаниите од Западен Балкан се подготвени за нова криза?

  • Значителната поддршка на политиката за време на пандемијата помогна да се спречат банкроти од големи размери на Западен Балкан, при што само 3 % од фирмите поднесоа барање за несолвентност или трајно затворање.
  • Трговијата со развиените економии, информациите и знаењето стекнати преку глобалните синџири на вредности и пристапот до странска технологија помогнаа во зајакнувањето на иновациите и конкурентноста во регионот.
  • Транзицијата кон економија со нето-нула јаглерод претставува значителни ризици за Западен Балкан, додека на фирмите им недостасуваат стимулации за позеленување на нивните деловни модели.
  • Недостатокот на пристап до финансии продолжува да го ограничува растот на МСП во регионот. Финансирањето на млади иновативни фирми и новоформирани претпријатија особено е попречено од недостаток на кредитна историја и потпирање на нематеријални средства што тешко се обезбедуваат.

Руската инвазија на Украина и нејзините економски последици доаѓаат токму во време кога фирмите од Западен Балкан се опоравуваа од шокот со КОВИД-19. Денешната презентација „Бизнис отпорност на Западен Балкан во време на повторени шокови“ презентирана од главниот економист на ЕИБ, Дебора Револтела, на Стратешкиот одбор за инвестициска рамка за Западен Балкан во Рим, испитува како фирмите во регионот го издржаа остриот пад предизвикан од пандемијата и колку се подготвени да се соочат со идните предизвици. Резултатите се изведени од извештајот насловен Бизнис отпорност во пандемијата и пошироко, претставен неодамна и објавен заеднички од ЕИБ, ЕБОР и ММФ, кој го опфаќа поширокиот регион на Источна Европа и Централна Азија.

До денес, фирмите ја поминаа пандемијата подобро отколку што првично се стравуваше. Тие изгубија 29 % од прометот и отфрлија 9 % од нивната работна сила, при што пандемијата особено ги погоди услугите со интензивен контакт и помалите и средни бизниси. Како и да е, големата поддршка на политиката помогна да се спречат банкроти од големи размери, при што само 3 % од фирмите поднеле барање за несолвентност или трајно затворање во регионот. Извештајот покажува дека фирмите кои биле интегрирани во глобалните синџири на вредности, оние кои биле поиновативни во минатото, оние кои биле повеќе дигитализирани и оние со подобар квалитет на управување, подобро се адаптирале за време на пандемијата. Тие го проширија своето онлајн присуство, се префрлија на работа на далечина, го приспособија производството или поефективно ја искористија достапната поддршка од политиката. Владините програми одиграа стабилизирачка улога преку ублажување на стресот на ранливите фирми, како што се помалите бизниси, самостојните фирми и оние на кои им недостасуваат капацитети за пречекорување.

„Војната во Украина повторно ја тестира отпорноста на економиите од Западен Балкан додека тие се опоравуваат од пандемијата“, рече главниот економист на ЕИБ, Дебора Револтела. “Новите ризици и зголемената неизвесност ги ставаат прекуграничните текови и трговијата под притисок. Ова е важно бидејќи нашата анализа покажува дека издржливоста и иновацискиот капацитет на фирмите се поврзани со нивното учество во глобалните синџири на вредност и трговијата. Во фазата на потенцијални трендови на де-глобализација, Западен Балкан треба да ја надгради својата конкурентска предност од силни врски со ЕУ и дополнително да ја зајакне, како отскочна штица за побрз развој.“

Отвореноста за трговија на Западен Балкан ја поттикнува отпорноста, иновативноста и конкурентноста

Извештајот открива дека економиите од Западен Балкан генерално инвестираат повеќе во иновации отколку во репер економиите, иако процесот се води со адаптирање на новите технологии развиени на друго место. Отворањето на глобалната економија е од суштинско значење, за да им се овозможи на овие земји да ги подобрат своите компаративни предности и да ја зголемат својата конкурентност. Индустрискиот состав на поинтегрираните региони во глобалните синџири на вредност е јасно фокусиран на производи со повисока додадена вредност, додека оние кои се помалку интегрирани тргуваат главно со производи со помала додадена вредност или суровини.

Доказите во извештајот укажуваат дека трговската интеграција со развиените економии, особено со Европската унија, пристапот до информации и знаење преку учество во глобалните синџири на вредности, странска лиценцирана технологија и современите практики на управување, се меѓу најважните состојки за зајакнување на иновациите на Западен Балкан.

Финансиски празнини

Финансиските системи на Западен Балкан досега добро се држат. Фирмите продолжуваат главно да се потпираат на банкарски кредити за надворешно финансирање. Пазарите на капитал се недоволно развиени, а достапноста на ризичен капитал, приватниот капитал и лизингот е многу ограничена. Уделот на фирмите со ограничени кредити на Западен Балкан е значително поголем кај малите фирми во споредба со големите (16 % наспроти 7 %). Овие кредитни ограничувања произлегуваат од недоволната транспарентност на страната на МСП, како и од ограничувањата во капацитетот за проценка на ризикот на посредниците. Во иднина, наследството од пандемијата со КОВИД-19 и влијанието на руската инвазија на Украина веројатно дополнително ќе го попречат финансискиот пристап на фирмите. Со текот на времето, политиката на повисоки стапки ќе се претвори во построги услови за финансирање, при што јазот меѓу побарувачката и кредитната понуда ќе биде уште поголем за МСП. Ова е загрижувачко, бидејќи пристапот до финансии, вклучително и пречекорувањата, порано беше извор на отпорност на фирмите за време на пандемијата.

Зелена економија

Регионот полека се префрла од зависност од јаглен и нафта кон нуклеарна енергија и обновлива енергија, зајакнувајќи ја неговата енергетска безбедност. Сепак, до 2018 година, регионот во голема мера се потпираше на фосилни горива за да произведува три четвртини од својата електрична енергија. Неколку земји продолжуваат да обезбедуваат дарежливи субвенции кои ја намалуваат цената на гасот и другите фосилни горива за потрошувачите, забавувајќи ја мотивацијата за намалување на емисиите.

На малите и средни претпријатија на Западен Балкан вообичаено им недостасуваат стимулации за позеленување на нивните деловни модели. Физичкиот ризик од климата веќе ги погодува малите и средните претпријатија на Западен Балкан, при што 10 % од испитаниците во Анкетата за претпријатијата пријавиле загуби од екстремни временски настани во трите години пред интервјуто. Сепак, студијата документира ограничена свест кај МСП за прашањата за животната средина бидејќи само 21 % од МСП инвестираат во енергетска ефикасност, а меѓу оние кои не прифаќаат никакви климатски мерки, 59 % од фирмите сметаат дека таквата инвестиција не е приоритет.  Поконкретно, извештајот покажува дека климатските инвестиции зависат и од менаџерскиот капацитет и од пристапот до финансии. Ефективната интервенција ќе ги реши како финансиските ограничувања, така и тесните грла во менаџерската свест и капацитет, се наведува во анкетата на ЕИБ-ЕБОР-СБ.

ЕКОНОМСКАТА КОНДИЦИЈА НА ЗАПАДЕН БАЛКАН НА ТЕСТ КАЈ ЕИБ-ЕБОР-СБ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Почнува смената на власта во Србија: Конститутивна седница на Народното собрание

November 17, 2026

КЛИМАТСКИ РОЛЕРКОСТЕР – серија текстови на Зелен ЦИВИЛ: Есента се менува, градовите се загреваат

November 14, 2026

Скопскиот филмски фестивал продолжува да го менува културниот пејзаж на градот

November 12, 2026

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.