Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Летото почнува со нов бран на коронавирус, омикрон ќе доминира, предупредуваат експертите

0
By НОВА ТВ Balaban on June 23, 2022 ВЕСТИ, ЗДРАВСТВО, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, June 23, 2022 13:52

Според прогнозите на ЕЦДЦ, подваријантите на омикрон БА.4 и БА.5 ќе бидат доминантни во целата Европска Унија.

Европскиот центар за превенција и контрола на болести (ЕЦДЦ) предупреди дека „порастот на зараза од подваријантите на омикрон укажува дека тие ќе станат доминантни“ во целата Европска Унија.

Инфекциите се во пораст во повеќе земји вклучувајќи ги Португалија, Германија, Франција, Грција, Австрија, Италија, Швајцарија, Шпанија, според податоците од проектот Нашиот свет во податоци (Our World in Data) на универзитетот Оксфорд, што ја следи пандемијата.

Според прогнозите на ЕЦДЦ, подваријантите на омикрон БА.4 и БА.5 ќе бидат доминантни во целата Европска Унија.

Нови студии покажаа дека БА.4 и БА.5, во споредба со претходните, повешто го избегнуваат имунолошкиот систем.

Тоа значи дека ниту претходни инфекции, ниту вакцини не овозможуваат посебно силна заштита од подваријантите, поради што стануваат доминантни.

Се чини оти сепак, БА.4 и БА.5 не доведуваат до потешки болести. Меѓутоа, како и кај претходните бранови, зголемените случаи може да резултираат со раст на хоспитализацијата и на смртта, објави ЕЦДЦ.

Потенцијалното влијание на БА.5, најочигледно е во Португалија, каде е забележан значителен пораст на инфекциите со Ковид-19. Во болниците во земјата бројот на заболени е 1.896, речиси ист како за време на првиот бран на омикрон во јануари. Во мај, БА.5 стана доминантен во Португалија.

Во Франција бројот на новозаразени тројно се зголеми од почетокот на месецот. Бројот на хоспитализација расте за првпат од почетокот на април.

Експертот Алан Фишер тврди дека прашањето не е дали земјата е соочена со нов бран на вирусот, ами, колку тој би можел да биде интензивен. Фишер лично се залага за повторно воведување на некои ограничувања, со цел да се спречи ширењето.

– Епидемијата доби нов замав и потполно е неочекувана во оваа сезона, изјави за француско радио доктор Бенџамин Давидо, специјалист за заразни болести.

Во Обединетото Кралство бројот на заболени и хоспитализацијата нагло растат.

– Ќе бидеме прва, но не и последна голема земја што ќе има бран БА.4.5, откако имала два претходни брана на омикрон, прогнозира Кристина Пагел, професорка за оперативни истражувања на универзитет во Лондон.

ЕЦДЦ Инфекции
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.