НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски кажа „не“ во Брисел за францускиот предлог

0
By Соња Крамарска on June 23, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Што се однесува до францускиот предлог му заблагодарувам на претседателот Макрон за неговата посветеност и напорите да се најде решение но предлогот во сегашната форма не е прифатлив за мене, за Владата, претседателот на државата, за другите институции како и за сите граѓани во Република Северна Македонија“, изјави пред малку во Брисел македонскиот премиер Димитар Ковачевски на прес конференцијата по состанокот ЕУ – Западен Балкан.

Премиерот сепак остави простор предлогот да се доработи до крајот на француското претседателство, според македонските предлози.

Тој уште еднаш ги повтори црвените линии кои вчера ги објави на Фејсбук, чиста формулација за македонскиот јазик, јасна заштита на македонскиот идентитет, историските прашања да не бидат критериуми во преговарачката рамка, a преговорите со ЕУ да почнат пред отпочнувањето на постапката за уставните измени за вклучување на Бугарите, Хрватите и Црногорците во преамбулата на Уставот.

„Сите 27 лидери кои се приклучија, влегоа гордо со сите свои културни и лингвистички различности. Ништо повеќе од ова не бараме ни ние. Почит за лингвистичкиот, културниот и историскиот идентитет на мојот народ“, рече Ковачевски.

„На самитот денес изразив незадоволоство од пристапот. Македонија е кандидат веќе 21 година. Ќе бидам директен уште веднаш. Губиме драгоцено време. Ова е сериозен удар врз кредибилитетот. Не смееме да дозволиме билатералните прашања да станат мултилатерален проблем. Бугарија од друга страна реши да се стави во минатото и повторно да поставува услови. Ова на никој не му одговара, освен на трети страни. Македонија направи многу. Време е ЕУ да испорача“, порача македонскиот премиер.  (С.К.)

 

Брисел Димитар Ковачевски не за францускиот предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.