Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Бугарија добива максимум со францускиот предлог, ја чекаме одлуката на Скопје, вели Захариева

0
By НОВА ТВ Terziova on June 27, 2022 ВЕСТИ
Фото: bnr.bg
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, June 27, 2022 18:13

Имплементацијата на билатералниот договор меѓу Софија и Скопје и протоколите и документите кон него стануваат дел од преговарачката рамка на Македонија за преговорите со ЕУ. Ова се случува за првпат, не го криеше оптимизмот поранешната шефица на бугарската дипломатија, Екатерина Захариева во изјава за „BG on air“.

-Република Северна Македонија мора да подготви патоказ и да покаже трајна политичка волја и трајно спроведување на обврските за човековите права. И овој патоказ, кој треба да го подготват, ќе се следи од отворањето на кластерот „фундаментални прашања“ до крајот на преговорите и секоја година ќе треба да се разгледува. ЕК ќе известува, но ЕК мора да поднесе извештај на Меѓувладините конференции кои се одржуваат секоја година, а таму е и Бугарија. Всушност, ова е Советот. Тоа се меѓувладини конференции. Има 27 земји, плус земјата кандидат, рече поранешната министерка за надворешни работи на Бугарија.

Во однос на протоколите наведени во Преговарачката рамка, Захариева појасни дека пред актуелниот протокол, кој се очекува да го потпише Македонија, има уште еден потпишан пролетта 2019 година.

-Во овој протокол ги има и Гоце Делчев и Илинден. Има јасни рокови. Но, овој протокол не само што не го забрза задоцнетото спроведување на Договорот, туку како да го одложи, па уште тогаш почнавме да сфаќаме дека е многу важно да се заложиме ние и нашите европски партнери и целиот преговарачки процес, Република Северна Македонија да ги исполни своите обврски, бидејќи тие не се само билатерално прашање, како што се обидуваат да го поедностават, тоа е прашање за основните човекови права. Тоа се заложби што ги презедоа во процесот на стабилизација и асоцијација. Станува збор за говорот на омраза, повторно дел од тој процес. Така почнавме да работиме тогаш. Драго ми е што, иако две години подоцна, нашите европски партнери покажаа разбирање и предлогот што дојде од француското претседателство е навистина што е можно поблизок и според мене максимумот што Бугарија навистина може да го добие како разбирање, коментира Захариева.

Бугарија Захариева регион француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.