НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комисијата за европски прашања заврши со скандирање и тропање по маси

0
By НОВА ТВ Mitreska on June 28, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во Собранието денеска продолжи 39-тата седница на Комисијата за европски прашања, со единствена точка на дневен ред – Предлог-закон за дополнување на Законот за работните односи, по скратена постапка. 

Седницата ја водеше заменик-претседателот на Комисијата, Арта Биљали Зендели, која информира дека во рокот утврден со Деловникот на Собранието за овој Предлог-закон се поднесени 388 амандмани од овластени предлагачи.

Пред претресот по амандамните, во процедурална забелешка координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски рече дека нема да се навраќа на сето она што се случуваше во текот на вчерашниот ден и додаде дека не се дозволува дискусија за нивното барање – разгледување на заклучоците на ЕУ за Западен Балкан на првата наредна седница.

– Недозволиво е барањево кое писмено Ви е доставено да не го ставите како точка на дневен ред, да се произнесеме по него. Дополнително, дали вчера утврдивте предлог-дневен ред, дали дадовте можност да го дополниме тој дневен ред, праша Мицевски.

Тој апелираше да се почитуваат законите и Деловникот на Собранието, укажувајќи дека не е усвоен дневниот ред и додаде оти не им е дадена можност за дополнување на дневниот ред со точката која ја предлагаат. Според него, точката што ја предлагаат треба да се стави на дневен ред, а пратениците треба да се произнесат.

Мицевски пред членовите на Комисијата и пред медиумите прочита еден документ кој, како што рече, дошол до него. Според тој документ, Комисијата за европски прашања нема да води претрес по поднесените амандмани, бидејќи според член 171 Д, став 1 од Деловникот на Собранието е истечен рокот од најмногу два дена за водење претрес по амандманите.

Ова е, како што рече, изготвен текст кој заменик-претседателката на Комисијата денеска планира по неколку процедурални или по неколку паузи  да го прочита пред македонската јавност. Тој потенцира дека на крајот на денот владиното мнозинство, пратениците од СДСМ и ДУИ, ќе пробаат да утврдат дека нема можност да се разговара по амандманите.

Биљали Зендели соопшти дека дневниот ред вчера се гласал пред, како што рече, „неизбежниот скандал“ што се случи во салата. Таа информира дека не работи по сценарија, а додаде дека вчерашниот скандал бил монтиран и предзвикан, а расправата веќе е почната.

Откако не добија одговори на поставените парашања и можност за процедурални забелешки, пратениците од ВМРО-ДПМНЕ скандираа и тропаа по маси. Побараа на седницата да присуствуваат и други владини претставници, а не само министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска.

Биљали Зендели даде пауза од триесет минути.

комисија Никола Мицевски Собрание
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025
ФОКУС

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

ВЕСТИ August 4, 2025

Најмалку 40 Палестинци беа убиени денес во напади на израелската армија, вклучувајќи десет од нив…

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Кијив: Повеќе од 400 напади, гранатирање на 10 населени места во Запорожје – тројца убиени

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.