Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Народна Банка со силни мерки за да го поттикне штедењето во денари

0
By Соња Крамарска on July 1, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 1, 2022 12:33

Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, заради стимулирање на штедењето во домашна валута. Притоа ја намали задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5 отсто на 5 отсто, а истовремено ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска валута од 16,5 отсто на 18 отсто.

Оваа мерка, којашто е втора по ред по мартовската промена на стапките на задолжителна резерва, е наменета за натамошно поттикнување на денаризацијата на билансите на банките, што би се постигнало преку промени во каматната политика на банките, поточно преку понуда на релативно поповолни камати на денарските депозитни штедења, соопшти Народна Банка.

Воедно, како дополнително зајакнување на ефектот од промените на стапките за издвојување задолжителна резерва, Народната банка го зголеми и делот од задолжителната резерва во странска валута којшто банките го исполнуваат во евра, од тековните 70 отсто на 75 отсто. Пакетот измени кај системот на задолжителна резерва вклучува и зголемување на делот од задолжителната резерва во евра којшто банките го исполнуваат на просечна основа, од 5 отсто на 10 отсто, што создава услови за пофлексибилно управување со девизната ликвидност на банките на дневна основа. Примената на новите услови на издвојување задолжителна резерва ќе започне во августовскиот период на задолжителната резерва, односно од 10 август 2022 година.

Измените направени кај задолжителна резерва се во согласност со Стратегијата за намалување на „евроизацијата“ на домашната економија, што е значајно за натамошното одржување на макроекономската стабилност.

На Советот беше разгледан и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Северна Македонија за првиот квартал од 2022 година. Со почнувањето на конфликтот меѓу Русија и Украина, неповолниот амбиент имаше одредено неповолно влијание и врз динамиката на активностите на банкарскиот систем, којшто сепак како и при претходни кризни епизоди, успешно се справува со предизвиците. Депозитите од нефинансиските субјекти, во првиот квартал од 2022 година, забележаа годишен раст од 4,6 отсто. Во првиот квартал се почувствуваа влијанијата на сезонските фактори, но и негативните ефекти од руско-украинскиот конфликт, којшто предизвика уште поголема неизвесност и влошени очекувања. Пласманите во кредити на нефинансиските субјекти солидно растат и во првиот квартал, со годишен раст од 10,1отсто. Поголемиот дел од кварталниот раст на кредитите беше насочен кон претпријатијата, но се забележува раст и кај кредитите на домаќинствата.

Во првото тримесечје, солвентноста на банкарскиот систем се задржа на стабилно и солидно ниво, со стапка на адекватност на капиталот од 17 отсто. Показателите за ликвидноста и натаму се на задоволително ниво и упатуваат на соодветно управување на банките со ликвидносниот ризик. Учеството на нефункционалните во вкупните кредити на нефинансискиот сектор се сведе на историски најниското ниво од 3,1 отсто, односно пониско и од претпандемичното ниво, со што квалитетот на кредитното портфолио на банките и натаму е солиден.

Неизвесноста околу натамошниот тек на настаните поврзани со пандемијата на ковид-19 којашто сѐ уште е присутна, зголемените цени на енергентите и фрагментираните и нарушени синџири на снабдување заради конфликтот во Украина, како и строгите рестриктивни мерки воведени во Кина, се најзначајните фактори на ризик коишто ќе влијаат врз идната динамика на растот на економската активност и на активностите на банкарскиот систем, се наведува во Извештајот. (Р.Н.)

________________

Народна банка штедење во денари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.