Од денеска до 3 јули во Дојран ќе се одржува 12. издание на „Д Фестивал“ на кој ќе настапат над 150 музички изведувачи и уметници.
Програмата ќе се одвива на 15 различни сцени и зони на Фестивалот, вклучувајќи го и славниот Д-Камп за фестивалските посетители. Првите посетители на „Д Фестивал“ пристигнале вчера во Дојран и ги поставиле своите шатори во Д Кампот, кој по две години ја отвори својата капија ден пред официјалниот почеток на фестивалската програма.
Програмата на фестивалот денеска ќе ја предводат изведувачите чии настапи се закажани на Главната бина, односно Крудер и Дорфмаистер, Џулијан Марли, Кошин, Рундек и Екипа зад аголот.
Утревечер ќе настапат Анфиса Летјаго, Јура Стублиќ и група Филм, Буч Кесиди, Култур шок и Чиста околина, додека пак во финалната вечер пристигнуваат ЗУ, Констракта и Земља грува, Хладно пиво и Марки Рамон, итн.