Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: Ако сме искрено за ЕУ, мегданот е сега

0
By Соња Крамарска on July 4, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
Фото: архива
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 4, 2022 00:31

Поранешниот премиер Зоран Заев вечерва порача дека најважното прашање, македонскиот јазик и македонскиот идентитет  се осигурани и гарантирани во преговарачката рамка и со тоа признаени и прифатени од ЕУ, и дека ако сме  искрено за членство во ЕУ, сега е мегданот.

„Тоа е прво и апсолутно најважно“, вели тој во врска со францускиот предлог кој ја подели јавноста. 

„Протоколот што би го потпишале македонската Влада и бугарската Влада го објаснува патот за надминување на отворените прашања кои се решливи. Градењето добри и пријателски односи со соседите е суштински важно за мирот, стабилноста и просперитетот на еден регион како што е Западен Балкан. Затоа, и ние од македонската страна и колегите од бугарската страна, заедно мораме да работиме да ги затвориме отворените прашања“, вели поранешниот премиер. 

При тоа многу е важно, нагласи тој, целосно да се сочува националното достоинство на двете страни во разговорите. Пријателството се создава и гради кога две страни водат меѓусебно грижа еден за друг при решавање на отворените прашања, вели Заев. 

„Македонската страна има политичари за кои сум сигурен дека ќе преземат гаранции и обврски низ тие разговори во иднина целосно достоинствено и конструктивно да ги застапуваат нашите национални интереси. Добрите односи со сите наши соседи го јакнат Западен Балкан, а соработката нѐ прави сериозен фактор како регион пред цела Европа и пред Светот. Видовме дека низ пријателство и добрососедство се решаваат и прашања кои со децении, но и векови биле отворени и нерешени како што е напредокот што го постигнавме со Договорот од Преспа, членството во НАТО, но и остварувањето на Автокефалноста на нашата Македонска православна црква – Охридска Архиепископија. И во трите случаи имаме директна потврда на автохтониот наш македонски идентитет. Со почнувањето преговори со верификуван и неоспорен македонски јазик во рамки на Европската Унија ќе добиеме уште една идентитетска победа на Македонизмот“, посочи Зоран Заев. 

Тој вели и дека кога се во прашање темите поврзани со недискриминација и отстранување говор на омраза, важно е да знаеме дека тие се однесуваат на сите заедници во нашето мултикултурно општество и во тоа воопшто не гледа проблем, напротив смета дека можеме уште многу да подобруваме и без ЕУ тоа да го бара од нас, за да тежнееме кон поуспешно едно и еднакво општество за сите.

„На тоа поле и до сега многу постигнавме и без ЕУ тоа да го бара од нас. За мултикултурниот соживот и за градењето едно и еднакво општество за сите ние сме веќе пример и во регионот и во Европа и треба да продолжиме да ги развиваме таквите политики, да останеме лидери во тоа поле, бидејќи тоа носи само добро за нашиот народ и за сите народи на Балканот“, вели екс-премиерот во својата порака до разбрануваната јавност.

„Кога се во прашање исполнувањето на Договорот за добрососедство со Бугарија и Договорот од Преспа со Грција, уверен сум дека за нас е многу подобро да седиме на маса во европските институции и ние да бидеме тие кои на својот македонски јазик ќе бараме целосно исполнување на двата договори во кои никако не се спори туку се потврдува и македонскиот јазик и македонскиот народ. Сведоци сме дека Европа покажува разбирање за Македонизмот и за историското наше право на самоопределување“, истакна тој.

„Имајќи предвид дека ова не е последниот предизвик пред нашето зачленување во ЕУ и дека не чекаат затворања на многу преговарачки поглавја, сметам дека за нас е многу важно во овој момент што Бугарија потврдува дека нови билатерални проблеми нема да отвора во иднина и што прифаќа да биде посветена заедно да градиме пријателство и добрососедство. Преку пријателство и добрососедство и најсложените проблеми полесно се решаваа. Спротивно, кога има непријателска атмосфера бројот на проблемите само се зголемува“, посочи Заев.

Поранешниот шеф на Владата истакна и дека друг суштински дел од францускиот предлог е внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот. Тоа е чекор, вели тој, кој треба да го направиме и со кој никако нема да се наштети ниту на државата, ниту на општеството ниту на било која од заедниците во нашата земја. „Ние во нашиот Устав веќе имаме седум етнички заедници. Со уставни измени ќе бидат 10 етнички заедници. Само од инает, заради лоша намера или заради личен политички профит некој може да биде против внесувањето три нови етнички заедници во Уставот. Противењето на мултикултурализмот е противење на европската интеграција на нашата татковина“, смета тој.

Припадниците на трите етнички заедници, како што потенцира Заев, иако се значително помалубројни, сепак се еднакви граѓани на Северна Македонија кои се родени и живеат тука заедно со сите нас и имаат право на самоопределување, нешто на што се гордееме како држава која го почитува тоа право. Тој предизвик, подвлекува тој, треба да се прифати и да го продолжиме патот кон полноправно членство во ЕУ.

„Очекувам конструктивни консултации и поддршка на овој предлог од секој еден одговорен политичар и граѓанин во земјава. Овој предлог веќе е поддржан од цела Европа, а искуството не учи дека секој нов предлог веројатно ќе биде потежок за прифаќање. Ако сме искрено за членство во ЕУ, тогаш мегданот е сега, сега тоа треба да го покажеме на дело и час поскоро да го завршиме овој процес. А, знаат ама баш сите, нашиот македонски народ никогаш не добил ништо со лесно, за својата државна и духовна независност се борел и се изборил со паметни и мудри одлуки. Да бидеме паметни и мудри и да продолжиме да чекориме напред како Македонци со признаен македонски јазик и идентитет, со своја македонска држава интегрирана во евроатлантските сојузи како стратешка определба на целиот наш народ, на сите етнички заедници“, порача Заев. (С.К.)

Зоран Заев француски предлог
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.