Како резултат на ангажираноста на полицијата, по три часа од настанот е уапсен Едисон Конди (34), жител на Валона, кој пукаше со огнено оружје кон сопствениот брат Бенјамин Конди (45).
Едисон, кој деновиве пристигнал од Велика Британија и сакал да го преземе бизнисот, кон брата си испукал повеќе куршуми, но, според последната информација што ја пренесуваат медиумите, не успеал да го повреди. Иако претходно јавија за повредени, нема потврда за тоа.
Присутните туристи на плажата Радиме, меѓу кои и семејства од Норвешка и од Италија, во изјави за медиумите потврдуваат дека било страшно.
„Беше страшно. Наеднаш почнаа пукотници. Почнавме да бегаме во паника“, велат тие.
Веднаш на местото на инцидентот пристигнала полицијата, но и возила за итна помош, а биле ангажирани и припадници на единицата за брзо распоредување.
Увидот е сѐ уште во тек, по што ќе има официјално соопштение.