Инциденти се случија вечерва на протестот против францускиот предлог пред Собранието, откако дел од демонстрантите ја пробија заштитната ограда и притиснаа да влезат во зградата. Пред вратите на Собранието е поставен голем полициски кордон, кој ја спречува толпата да влезе во собраниската зграда.
Дел од демонстрантите се со фантомки на главите.
Пејачката Ребека Јанковска пред Собранието го праша министерот за надворешни работи Бујар Османи каде се родил, каде се лекувал, каде израснал, откако тој рече дека нема емоции во преговарањето.
„И вие тука и вие во Владата се нарекувате Македонци. Која мајка вас ве доела. Предавници. Ние не ги окупиравме соседите, Бугарите. Колку пари земавте, признајте. Ќе ја дознаеме вистината“, изјави пејачката Ребека пред Собранието на Македонија.
„Знам дека не се плашите од народ, вие внатре сте празни. Вие не донесовте до позиција на потчинетост. Одамна требаше да кажете не, гласно не.
Го слушнав Османи рече немал емоции кога преговарал за прашањето за Македонија. Пријателе без емоции не се преговара за Македонија. Каде си роден ти министер за надворешни раобти? Кој те школуваше, каде растеше, каде се лекуваше, каде стана министер. Се ти даде оваа земја и ти немаш емоции“, додаде таа.