НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Тамара Котевска за НоваТВ за нејзиниот филм „Соло мод“:  Уметниците создаваат и кога животот ги спречува

0
By Соња Крамарска on July 8, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
Режисерката Котевска ни отстапи дел од сцените кои се содржани во нејзиното најново остварување
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Краткометражниот филм „Соло мод“ на режисерката Тамара Котевска вечерва ја има својата македонска премиера во рамки на 21-от Меѓународен фестивал на европски филм Синедејс. Под отворено небо во Македонскиот културен центар во парк во 21 часот во 30- минутниот филм публиката може да погледне уште едно остварување на Котевска по оскаровскиот успех на „Медената земја“.

Токму во пресрет на овој настан, со Тамара разговаравме за тоа како е да се снима филм во време на пандемиска изолација и дали тоа ги ограничи можностите за нејзиниот режисерски израз.

НоваТВ: Тамара, по Оскарите, ни се случи Ковид пандемијата, која кај тебе резултураше со краток филм со необично сценарио. Што е Соло Мод?

-Оскарите 2020 беа последниот голем јавен настан кој го сведочевме. Само што се вративме, животот се смени за 180 степени. Бев преполна со страст за работа на нови идеи но тоа не беше возможно. Заглавени во една тешка ситуација која не знаевме колку ќе трае, секој мораше да почне да размислува „надвор од кутијата“ и да бара алтернативни начини да го прави она што сака да го прави. Токму тој ковид период ме инспирираше да му пркосам, и да направам филм во најтешките моментални услови. Ковид и неговото влијание врз животите на луѓето ме инспирираше да го напишам сценариото за една фамилија која почнува да се отуѓува поради влијанието на пандемјата. Веднаш стапив во контакт со фамилијата Микиќ бидејќи во тој момент не можев да создавам фамилија по пат на кастинг. Овој филм не е инспириран од животите на Микиќи, но тие ги играат улогите кои ги играат и во приватниот живот. Весна е харфистка погодена од ковидот, Александар дизајнира борд гејм инспириран од пандемијата, а Иво и Ена им се деца. Беше забавно на снимањето кога целата екипа се согласи да седи заедно во изолација во една куќа во Преспа и да го сними филмот. Овој филм ја покажува потребата на уметниците да создаваат и кога животот најмногу ги ограничува. Но најмногу од сѐ покажува дека реалноста околу нас е најголемата инспирација за создавање.

НоваТВ: Колку ситуациите и репликите во филмот беа сценирани, а колку набљудувани од твоето око?

-Ситуациите во филмот се по напишано сценарио, но методот на работа беше импровизација на дијалозите, особено бидејќи близнаците Иво и Ена, во тој период беа многу мали.

НоваТВ: По проекцијата на Сараево филм фестивал, ова е прво прикажување на филмот во Македонија. Имаш некое очекување, особено што филмот ќе остане како трајна трага од животот во пандемија?

-Немам особени очекувања, но горда сум на овој необичен краток филм бидејќи е сведоштво не само за животот во пандемија туку и за правење филм во невозможни услови. Овој филм е потсетник дека ништо не смее да не спречи како автори. (С.К.)

Премиера Соло Мод Тамара Котевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.