НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Видео) Сеуште не се пронајдени двајцата исчезнати македонски граѓани во водите кај Посиди – спасениот е во добра состојба

0
By Mirjana on July 10, 2022 НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Продолжува објавата на детали за тоа како тројцата македонски граѓани кај местото Посиди на првиот крак на Халкидики влегле да пливаат и како едниот од нив-25 годишно момче, било спасено наводно од сурфер и извлечено на брегот. 

Било констатирано дека момчето имало испиено поголемо количество од морската вода, но дека е во стабилна состојба, констатирале медицинските екипи кои со возило на грчката Брза помош го земале 25 годишното момче од крајбрежјето на Посиди.

Без резултат е досегашната потрага во текот на ноќта по останатите двајца едниот на 28 другиот на 30 години, исто така македонски граѓани, јавуваат грчките медиуми. Па затоа спасувачката акција продолжува и денеска како во море така и од воздух.

Временските услови, според грчката крајбрежна стража , не им оделе во прилог на трагачите зашто имало ветер со јачина од 6 бофори или околу 40 километри на час, иако во акцијата се вклучени чамци, бродови и хеликоптери. 

Дека ова место на Посиди било со специфична ружа на ветрови и кај кое постојано се појавувале морски струи и големи бранови, мештаните знаеле одамна  и затоа се сметало за опасно место. Ова синоќа го изјави градоначалничката на Касандра,  Анастасиа Халкиа која поради овие причини информира дека е невозможно потрагата да трае и во текот на ноќта.

Според дел од медиумите , тројцата македонски граѓани, дошле во Посиди да прослават роденден, според други славеле раѓање на дете. И по журката на плажата влегле да се искапат кога и ги повлекле морските струи и бранови, по што едниот, најмладиот бил спасен а потрагата по останатите двајца почнала околу 19 часот по локално време.

Од Крајбрежната служба на Грција за дописничката на МИА од Атина вчера потврдија дека спасениот е од Северна Македонија и станува збор за 25-годишно момче, кое е во добра здравствена состојба.

Досега македонското МНР, и покрај интересот од медиумите нема излезено со информација со која би го потврдило случајот со тројцата туристи во Грција.

(М. Т.)

 

 

 

 

по двајцата потрагата трае Спасен е еден од тројцата македонски туристи во Посиди
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Уште гори во близина на главниот грчки град – изгореа куќи и има загинат

August 9, 2025

Албанската полиција ја опколи ТВ Њуз 24 и го исклучи сигналот

August 9, 2025

Уставниот суд на Косово: Парламентот мора да избере нов спикер со јавно гласање

August 9, 2025

Зеленски изјави дека Украинците нема да им ја дадат својата земја на окупаторите

August 9, 2025

Евростат: Жените во ЕУ живеат подолго од мажите

August 8, 2025
ФОКУС

Нови дваесетина убиени во денешните израелски напади врз Газа

ВЕСТИ August 9, 2025

Бројот на загинати во денешните израелски напади врз Појасот Газа се искачи на најмалку 20,…

Претседателот на Собранието Африм Фаши ги распиша локалните избори – ќе се одржат на 19-ти октомври 2025

August 9, 2025

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025

Ројтерс: Трамп и Путин на 15-ти август ќе се сретнат во Алјаска за мировен договор меѓу Русија и Украина

August 9, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.