НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

СДСМ за објавените телефонски броеви: Црни сценарија и борба за власт

0
By Соња Крамарска on July 13, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

„Телефонските броеви секако се јавни и достапни на сите граѓани. Но, ова е дел од црните сценарија на оние кои не и мислат добро на земјата и ова го користат единствено како гола борба за власт и спасување од криминал“, велат од пратеничката група на СДСМ.

Координаторот Јован Митрески додава дека меѓу пратеничката група владее увереност дека граѓаните нема да подлегнат на шпекулациите и лагите, затоа што, вели тој, заклучоците што ќе ги предложиме и гласаме гарантираат продолжување на европскиот пат со безусловно почитување на македонскиот јазик и безусловно почитување на идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ.

Нервозата пред утрешната седница денес ја достигна својата кулминација кога телефонски броеви на пратениците од владејачката коалиција се најдоа на „огласната табла“ на социјалната мрежа Твитер придружени со повик до граѓаните: „Порачајте им да не го предаваат македонскиот народ“.

Ваквата објава предизвика вознемиреност и различни прогнози околу утрешниот ден на кој пратениците треба да се изјаснат за таканаречениот француски предлог со кој треба да се тргне бугарското вето за почеток на преговорите со ЕУ.

Од скопското обвинителство велат дека ги следат информациите и доколку бидат утврдени елементи на кривично дело ќе се постапи согласно законските надлежности.

Во објавата на Твитер се обелоденети телефонските броеви на сите пратеници од СДСМ, Демократската партија на Турците, ВМРО-Народна партија, НСДП, и еден „независен“ пратеник.

На листата, иако се дел од владината коалиција, ги нема телефонските броеви на пратениците од ЛДП, Демократска обнова на Македонија (ДОМ) и Демократски сојуз кои деновиве јавно изразија несогласување со делови на францускиот предлог и доставија предлог-заклучоци за негово дополнување до Собранието. (Р.Н.)

јован митрески Твитер Телефонски броеви
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Гром удри во фудбалери – 11 играчи повредени

August 3, 2025

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.