Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(Фото) Ивана Трамп – од инструкторка по скијање, до сопруга на Доналд Трамп и џетсетерка

0
By Соња Крамарска on July 15, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 15, 2022 08:54

Ивана Трамп, првата сопруга на поранешниот претседател Доналд Трамп, со која имаше три деца, почина вчера на 73-годишна возраст. Таа беше најдена на дното од внатрешните скали во нејзината куќа, откако според првите претпоставки, паднала и се стркалала по нив. Според првите проценки, таа или доживеала срцев удар по што се струполила низ скалите, или некоја друга медицинска причина го предизвикала падот. Обдукцијата треба да ги покаже точните причини за нејзината ненадејна смрт.

Родена во 1949 година во поранешна Чехословачка како Ивана Зелничкова, таа како млада девојка се сели во Австрија за да избега од комунистичкиот режим. Во Австрија се мажи за инструктор по скијање, од кого се развела веднаш штом добила австриско државјанство. Тоа и овозможува да се пресели во Канада каде извесно време работела како инструкторка по скијање и како модел. Оттаму заминува за САД, каде работи само како модел.

Ивана го запознала Доналд Трамп во 1976 година, а се венчале во април следната година. Со него имала три деца – Доналд Џуниор, Иванка и Ерик.

Во текот на осумдесеттите и деведесеттите, Доналд и Ивана како дел од јавната сцена во Њујорк привлекоа големо медиумско и јавно внимание.

Ивана активно учествуваше во неколку деловни потфати на Доналд Трамп. Таа беше извршен директор во замокот Трамп, еден од неговите хотели и казина во Атлантик Сити. Раководеше и со дизајнот на „Гранд Хајат хотел“ кој некогаш го држеше Доналд и „Трамп Тауер“.

Веста за нивниот развод во 1992 година беше централна тема на американскиот печат, а причината за разводот наводно била афера која Трамп ја имал со неговата идна сопруга Марла Мејплс. Ивана го иницираше разводот, а многумина се сеќаваат на нејзината реченица „Не се лути, земи му сѐ!“. Доналд и плати 25 милиони долари.

По разводот, Ивана се сврте кон модата и лансираше сопствен бренд на козметика, облека и накит.

Кога Доналд Трамп беше избран за претседател на САД, таа рече дека може да „направи големи промени“ во САД и изјави дека го советувала за време на неговата изборна кампања.

„Разговаравме пред и по јавни настапи и тој ќе ме прашаше што мислам“, рече тогаш таа и додаде дека го советувала да биде помирен. Ивана тврдеше дека разговарала барем еднаш неделно со Трамп додека тој беше претседател на САД. „Но не одев во Белата Куќа бидејќи таа (Меланија, н.з.) е таму. Јас сум прва дама а не таа“, често изјавуваше Ивана Трамп.

Нејзината ќерка Иванка и зетот беа клучните личности во тимот на Трамп додека беше претседател.

Ивана има напишано неколку книги, вклучително и „Raising Trump“ во 2017 година за нејзините деца и нивното воспитување со Доналд.

„Колку и да бев зафатена, појадував со моите деца секој ден. Седев со нив на вечера секоја вечер и им помагав со домашните задачи пред да излезам во фустан на Версаче на некој хуманитарен настан“, го опишала својот живот во своите мемоари Raising Trump.

Ивана Трамп продолжи со својот бизнис во претходните години, промовирајќи ја италијанската исхрана во 2018 година.

Нејзиното богатство се проценува на 100 милиони долари.

Се мажеше уште двапати. Двајцата сопрузи и беа Италијани. Едниот со кого остана подолго, почина од рак. Со другиот се разведе по една година.

Последната година Ивана можеле да се забележи како шета рака под рака со нејзината помошничка низ Менхетен каде што се наоѓаше нејзината раскошна куќа.

Вчера, Ивана имала закажано термин кај нејзиниот фризер. Тој се зачудил кога некој во нејзино име се јавил да го откаже. Таа била многу среќна во изминатиот месец, затоа што денес требало да замине на летен одмор во Сен Тропез, кој и бил прво излегување од САД по пандемијата. Планирала таму да остане до септември.

Нејзиниот син Ерик и снаата, вчера поитаа во нејзиниот дом. На излегување тој им рече на новинарите кои чекаа пред домот на Ивана: „Тажен, тажен ден господа“.

Веста за смртта на Ивана Трамп прв ја соопшти Доналд Трамп на неговата мрежа Truth social network. (Од новинските агенции)

Ивана Трамп почина
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026

Доларот зајакнува, еврото губи вредност: Што навистина се случува на светските девизни пазари?

October 15, 2026

Банките заработија над 1,1 милијарда евра за пет години (ИНФОГРАФИК)

October 14, 2026

АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА | Ива Михаилова ја премина границата – каде е границата на законитоста?

October 13, 2026

Четири референдуми, поделена Словенија: Граѓаните го отфрлија законот на Јанша, но поддржаа дел од неговите политики

October 12, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.