НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Вечерва во Охрид „Базар на жени занаетчики“ 

0
By Соња Крамарска on July 15, 2022 ВЕСТИ, ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Триесет и пет жени занаетчики од Охрид, Битола и Скопје на главниот плоштад во Охрид денеска 15-ти јули со почеток од 20 часот ќе ги претстават своите дела пред туристите. Нивните ракотворби се инспирирани од македонските културни наследства од разни региони низ земјава.

-Ги покануваме сите локалци и туристи кои се во Охрид од 20 часот да присуствуваат на базарот каде ќе имаат можност да купат впечатливи парчиња накит од нашите креативки. Со овој Базар се надеваме дека ќе инспирираме млади жени кои ќе го препознаат креативниот потенцијал и ќе ги поттикнеме да се вмрежуваат во иднина со цел да го афирмираат македонското културно богатство преку заживување на занаетите и да придонесат кон развојот на економијата. Во иднина можат тоа да го сторат и преку онлајн платформата womenpoweron.mk – истакна проектната координаторка во ЦУП, Јасна Пајковска.

Пред базарот ќе се одржи и завршната конференција на проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ во организација на Центарот за управување со промени со финансиска поддршка од Balkan Trust for Democracy и USAID.

На настанот ќе бидат презентирани активностите и резултатите од проектот, предлог мерки и политики за поддршка и промоција на македонското женско претприемништво кои произлегоа од истражувањата и анализите спроведени во рамки на проектните активности.

На отворањето ќе говори Елизабета Ѓоргиеска, сопруга на претседателот Пендаровски, Неда Малеска – Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени (ЦУП); Џејмс Стеин, претставник на канцеларијата на УСАИД и Кирил Пецаков, градоначалник на Охрид.

Резултатите од проектот ќе ги претстави проектната координаторка, Јасна Пајковска, а женските претприемачки кои биле дел од проектот ќе ги пренесат научените лекции и корисни поддршки кои им овозможиле раст и развој на нивните бизниси. Во делот посветен на „Предлог политики за развој на женско претприемништво“ ќе говорат претставниците од ЦУП, Министерство за економија, општина Охрид и од Националната Платформа за Женско Претприемништво во југозападниот плански регион.

„Базар на жени занаетчики“ Охрид
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.