НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Заев: На овој важен ден сакам да им честитам на граѓаните на Република Северна Македонија

0
By НОВА ТВ Balaban on July 16, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Но треба да се знае дека не е работа на граѓаните да внимаваат на можни стапици во документите – тоа е работа на лидерите и политичарите. Владата и Парламентот се должни да знаат сѐ и да носат исправни одлуки и за државата и за народот. Јас сум убеден дека одлуката да се поддржи овој предлог ја обезбедува европската иднина и го гарантира македонскиот идентитет во ЕУ. Подобра иднина од иднината во која сме членка на ЕУ не постои, порачува Заев. 

На овој важен ден сакам да им честитам на граѓаните на Република Северна Македонија. После 17 години конечно имаме голем исчекор – почнуваме преговори со ЕУ. Особено сакам да му честитам на македонскиот народ – влегуваме во ЕУ како Македонци, со заштитен македонски идентитет и многу важно, со нашиот македонски јазик, објави вечерва на Фејсбук поранешниот премиер, Зоран Заев.

Во објавата Заев пишува:

„Благодарност испраќам до сите македонски пратеници, политичари и граѓани и во Северна Македонија и во Бугарија, кои се издигнаа над поделбите и го поддржаа ова решение за кое сум убеден дека овозможува обнова на пријателството и напредокот.
Благодарност до Пендаровски, Ковачевски, Маричиќ, Османи, Ахмети и целата наша владина коалиција и особено до македонските пратеници кои гласаа за европската иднина. Благодарност и до ГЕРБ на Бојко Борисов како и до Мустафа Карадаи претседател на ДПС либералната партија од која доаѓа и Илхан Ќучук, кои заедно со пратениците на ПП партијата на Петков и ДБ партијата на Христо Иванов ја видоа оваа можност за заеднички исчекор.
Благодарност до сите етнички заедници во нашата татковина кои повторно застанаа рамо до рамо со братскиот македонски народ.
Сакам да ги охрабрам граѓаните да продолжиме по овој пат. Има уште многу работа, но конечно се придвижуваме и отвораме нови европски процеси.
Ги разбирам оние граѓани кои се лути и загрижени од економските и безбедносните состојби – стабилноста, инфлацијата, растечките цени. Тие се фокусирани на обезбедување стабилност за себе и за своите семејства. Тие се разочарани од мачниот пат кон ЕУ и долгата серија неуспешни обиди да почнеме преговори, за што со право се лутат и на ЕУ, но и на политичарите од Република Бугарија поради неочекуваниот застој кој ни го приредија.
Но треба да се знае дека не е работа на граѓаните да внимаваат на можни стапици во документите – тоа е работа на лидерите и политичарите.
Владата и Парламентот се должни да знаат сѐ и да носат исправни одлуки и за државата и за народот. Јас сум убеден дека одлуката да се поддржи овој предлог ја обезбедува европската иднина и го гарантира македонскиот идентитет во ЕУ.
Подобра иднина од иднината во која сме членка на ЕУ не постои. Тоа го знаеме сите. За вакви прашања не смее да се калкулира со рејтинг. Политичарите доаѓаат и заминуваат. Важно е државата и народот да одат напред кон извесна иднина.
Покрај сé, Владата треба да биде државотворна и никако поинаку. Одлуките мора да се донесат затоа што само тоа е исправно.
А, опозицијата? Жалам што сето ова само го користеа за да се догребат до власт, но за сметка на тоа не направија ни еден чекор да им помогнат на народот и државата. Затоа се и ќе бидат уште долго во опозиција.
Затоа, спомнете си – за Охридскиот договор, некои велеа ќе сме се поалбанчеле, за територијалната организација ќе сме се федерализирале, за Преспа ќе сме го изгубиле идентитетот.
Тоа го велеа оние кои немаат визија за иднината. Ние секогаш велевме – ова е патот кон иднината. Еве сега времето е најдобар судија – нека се сетат граѓаните кој беше во право. Така и сега – тие што грешеа на секоја раскрсница, грешат и сега“.
Зоран Заев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Постапките на Трамп убиваат, а љубовта спасува животи“, кажаа на Парадата на гордоста во Амстердам

August 3, 2025

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025
ФОКУС

Милановиќ ѝ забрани на хрватската армија да соработува со Израел

ВЕСТИ August 3, 2025

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ ја повика хрватската влада да ја прекине трговијата со оружје…

Честитки од државниот за Илинден

August 2, 2025

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.