Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ВИДЕО Османи и Генчовска го потпишаа протоколот меѓу Северна Македонија и Бугарија

0
By НОВА ТВ Balaban on July 17, 2022 ПОЛИТИКА
FOTO BNT
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, July 17, 2022 10:55

За нас е историска можност што по 17 години почнуваме пристапни преговори со ЕУ, очекуваме поддршка и блиска соработка со Бугарија на овој пат, во интерес на граѓаните на РСМ и на Бугарија чиј интерес е Западен Балкан, а особено РСМ да се движи брзо кон членство во ЕУ, рече Османи. Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.

Во Софија денеска министрите за надворешни работи на Северна Македонија и на Бугарија, Бујар Османи и Теодора Генчовска го потпишаа билатералниот протокол по состанокот на заедничката меѓувладина комисија. Според најавите, протоколот треба да биде објавен по неговото потпишување.

Потпишувањето на протоколот е дел од преговарачката рамка за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ.

По потпишувањето, Генчовска кажа дека Бугарија најсилно ја поддржува европската интеграција на Македонија и Албанија.

Османи изјави дека „целта на средбата и на протоколот, потпишан 3 години по  првиот, е да направи пресек на сработеното меѓу две средби на меѓувладините комисии и да направи пат за следното што треба да се исполни“.
Тој додаде дека имале конструктивни разговори, доста е сработено , има проекти меморандуми со коишто се отвораат можности за подобри односи и поблиска соработка, заснована на меѓусебна доверба меѓу двете земји, „како блиски пријатели и сојузници во НАТО, а, се надевам, наскоро и во ЕУ“.
„За нас е историска можност што по 17 години почнуваме пристапни преговори со ЕУ, очекуваме поддршка и блиска соработка со Бугарија на овој пат, во интерес на граѓаните на РСМ и на Бугарија чиј интерес е Западен Балкан, а особено, РСМ да се движи брзо кон членство во ЕУ“, рече Османи и додаде дека се надева оти ова е само почеток, и дека „се отвора ново поглавје за да се надминат сите предизвици и пречки на патот, за да продолжиме на тој пат на европска соработка“.

Покрај министерот Османи, во состав на македонската делегација се вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, министерот за економија Крешник Бектеши, како и министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски.

Потпишувањето на протоколот и одржувањето на состанокот на меѓувладината комисија следуваат откако вчера францускиот предлог беше одобрен од страна на Владата по усвојувањето на заклучоците во македонското Собрание. 

 

генчовска го потпишаа протоколот Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.