НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Во Нова Горица, Словенија отворена е изложба за Гоце Делчев

0
By Mirjana on July 18, 2022 КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Во галеријата на Македонското културно друштво „Охридски бисери” во
Нова Горица, Република Словенија, беше отворена изложбата што ја подготви
Државниот архив: „150 години од раѓањето на Гоце Делчев” (1872 – 2022). На
отворањето на изложбата се обратија македонската амбасадорка во Република
Словенија, Сузана Зеленковска, претседателот на Клубот, Боро Митовски,
градоначалниците на општина Нова Горица, д-р Клемен Миклавич и на
Шенпетер, Милан Турк, како и директорот на Државниот архив, д-р Емил
Крстески. Притоа, во чест на гостите беше изведена и пригодна културно-
уметничка приредба.

„Самата изложба е презентација на архивски документи и фотографии,
што го прикажуваат ликот и делото на Делчев од повеќе аспекти, а најмногу
како идеолог и еден од главните организатори на македонското национално-
ослободително движење од крајот на 19 и почетокот на 20 век.
Сите овие активности што ги презема и ги прави Државниот архив се во
интерес на зачувување на нашето минато, на нашата историја, култура,
традиција и обичаи, потсетување на значајни настани и личности, нивно
чествување, како долг спрема нашите предци, но и за сегашните и идните
генерации на кои историјата и минатото треба да им бидат светилник за
иднината и темел за нашето опстојување на овие простори.
„Една од основните дејности на Државниот архив е всушност да ги чува
оригиналните значајни историски документи и материјали и тоа е наша обврска
како институција, со што го оправдуваме епитетот дека сме еден од главните
столбови на нашиот национален идентитет“, истакна меѓу другото, на
отворањето на изложбата, директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески..Изложбата во Нова Горица, каде што живеат и работат околу три илјади
македонски државјани, ќе биде поставена еден месец, а потоа ќе биде
претставена и во други македонски клубови во Словенија и во Хрватска, во Крањ, Љубљана, Цеље, Копер, Риека, Загреб, Вараждин, Осиек и во
Ѓаково.

Во Нова Горица изложба за Гоце Делчев
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025

Чудо што го изненади светот – жена на 76 години за првпат стана мајка

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.