Товарно возило „Ман“ со полуприколка – цистерна, и двете со бугарски национални ознаки, сопственост на правно лице од Бугарија, а управувано од Д.Ј.(58) од Бугарија, се превртело на коловозот на магистралниот пат Делчево-Штип, кај место викано ,,Каменолом“.
Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Општата болница во Кочани. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница, каде настанот бил пријавен вчера попладнето околу 18 часот.