НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Собранието го усвои ребалансот на Буџетот

0
By НОВА ТВ Balaban on July 19, 2022 ЕКОНОМИЈА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП, што е пониско во однос на минатата година.

Собранието, со 61 глас „за“ го усвои предлог-ребалансот на буџетот за 2022 година. Вкупните приходи во Буџетот за 2022 година се утврдени на ниво од 245,8 милијарди денари, додека вкупните расходи на 288,5 милијарди денари. Буџетскиот дефицит е планиран на ниво од 42,7 милијарди денари, односно 5,3% од БДП, што е пониско во однос на минатата година.

Со ребалансот се обезбедуваат средства за раст на пензиите, ранливите категории на граѓани, раст на платите во одделни дејности во јавниот сектор, средства за фирмите за поддршка на растот на платите во приватниот сектор, дополнителни средства за земјоделците за повисоки приноси и стабилизирање на цените на храната, како и за нови антикризни мерки за заштита на стандардот на граѓаните и заштита на стопанството од шоковите од тековната ценовна криза.

Министерот за финансии, Фатмир Бесими, образложувајќи го ребаланасот на буџетот во Собранието посочи дека истиот треба да постигне две многу важни цели – да се одржи макроекономската стабилност, што е од суштинско значење за понатамошниот раст и развој на секоја економија и второ, да се поддржи економијата за враќање во претпандемиското ниво, како и социјалната сигурност на граѓаните.

Кај тековните трансфери се прави нагорна корекција за околу 19 милијарди денари. Тука се планирани средства за антикризни мерки, но и други мерки за таргетирана поддршка за надминување на кризата. Во рамки на овие средства планирана е дополнителна финансиска поддршка од 4,7 милијарди денари за заштита на стандардот на граѓаните и ликвидноста на компаниите во услови на продолжена криза на светскиот пазар на енергенси и примарни производи. Проектирани се и дополнителни субвенции и трансфери за земјоделците, односно дополнителни 3,2 милијарди денари на првично планираните субвенции со цел да се стимулираат приносите и продуктивноста, за да се амортизираат на ценовните притисоци на основните прехрамбени производи. Повисоки трансфери планирани се и за општините, пред сѐ поради раст на блок-дотациите за покачување на платите во градинките и во основните и средните училишта за 15%.

Со ребалансот, обезбедени се средства за раст на пензиите, согласно новата методологија за пресметка, според движењето на индексот на трошоците за живот во висина од 50% и порастот на просечно исплатената плата на сите вработени во висина од 50%. Исто така, предвидени се и субвенции за придонеси за поддршка на работодавачите за раст на платите во приватниот сектор, вклучително и ефектот за субвенционирање на придонесите за минималната плата. Дополнителни 2,4 милијарди денари, предвидени се за корисниците на правото на гарантирана минимална помош.

Капиталните расходи се ревидирани надолу во однос на иницијалниот план, но сепак, тие годинава се на рекордно ниво, односно за 8,8 милијарди денари или 37,8% повисоки во однос на минатата година  и за 16,1 милијарди денари, или два пати повисоко во однос на 2020 година.

 

усвои ребалансот Фатмир Бесими
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.