Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

САД ја ставаат Бугарија под надзор, не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе

0
By НОВА ТВ Balaban on July 20, 2022 ВЕСТИ
Фото: Politico
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, July 20, 2022 08:58

САД ја ставаат Бугарија под надзор затоа што не ја сфаќаат сериозно трговијата со луѓе, се вели во годишниот извештај на американскиот Стејт департмент за трговија со луѓе, објавен од таа институција.

Владата на Бугарија не ги исполнува целосно минималните стандарди за елиминирање на трговијата со луѓе, иако прави значителни напори во оваа насока, се вели во извештајот. Во него се забележува дека владата во Софија не покажала севкупно зголемување на напорите во споредба со претходниот период на известување, дури и земајќи го предвид влијанието на пандемијата Ковид-19 врз нејзиниот капацитет за борба против трговијата со луѓе. Властите истражуваа и осудија значително помалку трговци со луѓе, а земјата забележа најмал број пријавени истраги и пресуди откако владата почна да обезбедува податоци за трговијата со луѓе. Судовите продолжија да издаваат условни казни за повеќето осудени трговци со луѓе, што го ослабна одвраќањето и ги поткопа пошироките напори за борба против трговијата со луѓе.

Извештајот, исто така, ја критикува методологијата за идентификација на жртвите на трговија со луѓе и го нотира недостатокот на координација меѓу институциите. Се вели дека властите идентификувале 42 деца жртви на трговија со луѓе, но владата не пријавила дека помогнала ниту едно од нив. Документот, исто така, го нотира недостатокот на ресурси, законски овластувања и доволна обука на службениците за спречување на трговијата со луѓе. Конечно, корупцијата во администрацијата, спроведувањето на законот и судството продолжува да го попречува напредокот, а обвинетите за соучесништво во злосторствата за трговија со луѓе и понатаму остануваат неказнети, се заклучува во извештајот.

Поради тие причини, Бугарија е намалена од „ниво 2“ на „список за следење на ниво 2“, се вели во документот. Земјите на црната листа на „ниво 3“ во извештајот се предмет на американски санкции.

Бугарија Стејт Департмент Трговија со луѓе
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 16, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

ВЕСТИ August 16, 2026

Ормускиот теснец ќе се отвора и затвора исклучиво под команда на Иран, изјави заменик-шефот на…

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026

Поглед од морето кон Омиш во пламен – спасувачите објавиja морничава снимка

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.