Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

ЦИА: 15.000 Руси ги загубија животите во украинската војна

0
By Соња Крамарска on July 21, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Thursday, July 21, 2022 09:16

САД проценуваат дека руските загуби во Украина достигнале околу 15.000 загинати и можеби 45.000 ранети, изјави директорот на ЦИА Вилијам Барнс, додавајќи дека и Украина исто така претрпела значителни загуби.

Речиси пет месеци откако рускиот претседател Владимир Путин нареди инвазија на соседот на Русија, нејзините сили макотрпно го освојуваат регионот Донбас во источна Украина и заземаа околу една петтина од земјата.

Барнс, говорејќи на форумот за безбедност во Аспен во Колорадо, рече дека тие придобивки имаат висока цена.

„Последните проценки на американската разузнавачка заедница би биле нешто во близина на 15.000 (руски сили) убиени и можеби трипати повеќе повредени. Значи, прилично значителни загуби“, рече Барнс.

„И Украинците исто така претрпеа – веројатно малку помалку од тоа. Но, знаете, и тоа беа значителни загуби“, додаде Барнс.

Русија ја класифицира смртта на членовите на нејзините вооружени сили како државна тајна дури и во мирнодопски услови и често не ги ажурираше официјалните податоци за жртвите за време на војната. На 25 март беше објавено дека загинале 1.351 руски војник.

Владата во Киев во јуни соопшти дека дневно загинуваат од 100 до 200 украински војници.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров вчера рече дека воените „цели“ на Москва во Украина сега се протегаат надвор од Донбас, што е најјасно признание досега дека таа ги проширила своите воени цели.

Лавров, исто така, рече дека целите на Москва дополнително ќе се прошират доколку Западот продолжи да го снабдува Киев со оружје со голем дострел, како што се артилериски ракетни системи за висока мобилност (ХИМАРС) од САД.

„Ова значи дека географските задачи ќе се протегаат уште подалеку од сегашната линија“, рече тој.

Но, Барнс рече дека концентрацијата на силите на руската војска во Донбас, барем засега, сугерира дека тие научиле тешки лекции од неуспехот на почетокот на кампањата, „каде што Москва заглави во нападот врз Киев“.

„Во извесна смисла, она што го направи руската војска е повлекување на ‘полесен’ начин на војна, во извесна смисла, користејќи ги своите предности и огнената моќ на долг дострел за да се спротивстави и ефикасно да ги уништи украинските цели и да ги компензира слабостите на работна сила што тие сè уште ги имаат“, рече Барнс. (МИА)

Вилијам Барнс загинати војници руска инвазија ЦИА
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
shortcut
ФОКУС
May 19, 2026

Филипче: Доста е со лагите и лицемерието – во владата врие од бугарски пасоши

ВЕСТИ May 19, 2026

Прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче:

Советот на Европа го забрза процесот за Специјален трибунал за злосторството агресија против Украина – на списокот уште ја нема Северна Македонија

May 18, 2026

Венко Филипче објави Фронтот за вистина и правда

May 17, 2026

43-тиот кочански марш за Ангелите се случи во Виница

May 17, 2026
ТИКЕР

Зграда се урна во Германија – спасувачите трагаат по тројца исчезнати

May 19, 2026

Прва оставка во бугарската влада

May 12, 2026

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.