Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Селаковиќ на македонски јазик: „Охридско лето“ ја слави културата, а зад неа стои јазик

0
By Соња Крамарска on July 23, 2022 ВЕСТИ, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Saturday, July 23, 2022 08:41

Фестивалот „Охридско лето“ ја слави културата, а културата не е култура ако зад неа не стои јазик, истакна министерот за надворешни работи на Република Србија Никола Селаковиќ, кој синоќа пред настапот на српскиот виолинист Стефан Миленковиќ и камерниот ансамбл „Камерата“ од Нови Сад, пред присутните се обрати на македонски јазик.

За време на Фестивалот забележа дека Охрид се претвора во духовна престолнина, каде гостуваат светски познати изведувачи.

Изразувајќи благодарност за организацијата на Српска вечер во рамките на фестивалот, посочи дека покрај Миленковиќ и „Камерата“ на годинашното издание ќе настапат и Оркестарот на операта на Српскиот народен театар од Нови Сад, пијанистот Александар Плевмановиќ, виолончелистката Ирена Јосифовска, како и Народниот театар и Југословенскиот драмски театар со претставите „Војна и мир“ и „Вујко Вања“.

„Задоволството е дотолку поголемо што музичката уметност на Република Србија, која има долга и богата традиција, вечерва ќе ја претстави нашиот прославен виолинист Стефан Миленковиќ. Стефан е уметник од светска класа, чии настапи ширум светот ги воодушевуваат љубителите на музиката“, рече Селаковиќ.

„Охридско лето“, за директорката Наташа Поповиќ, е предизвик, секоја следна година да биде поголемо и позначајно, да се надополнува и надградува, а со поддршката на Министерството за култура и амбасадите успеваат да донесат, како што нагласи, плејада славни и реномирани уметници.

„Дозволете ми најискрено да ви се заблагодарам за вашата поддршка со која успеавме заедно со вас да направиме уште едно возвишено фестивалско издание кое ќе остане во фестивалската историја како успешна приказна достојна за оваа, за нас, најзначајна музичко-сценска манифестација“, рече Поповиќ.

Публиката во амфитеатарот Долни Сарај уживаше во совршената магична атмосфера на проектот „Кармина Бурана“, во режија на Ана Крстајиќ, а во изведба на светски познатиот виолинист Стефан Миленковиќ и ансамблот „Камерата“ Нови Сад. (МИА)

„Охридско лето“ 2022 никола селаковиќ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
shortcut
ФОКУС
September 30, 2026Updated:September 30, 2026

Мицкоски пред средбата со Фон дер Лајен: Подготвени сме за разговор и решение, обврските ги наследивме од претходната власт

ПОЛИТИКА September 30, 2026

Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен в петок, 2 октомври, ќе престојува во…

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

August 29, 2026

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026
ТИКЕР

Украинската амбасадорка Дир: Милиони животи се загрозени поради студот и темнината

October 30, 2026

Избори во Израел: Израел: Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

October 29, 2026

Девет работи што новата влада на Србија не смее да ги направи – поуки од Северна Македонија

October 28, 2026

Студот и темнината како оружје: Комисија на ОН утврди руски злосторства против човештвото во Украина

October 28, 2026

Највисок степен на терористичка закана во Србија по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.