НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Навреди на Википедија кон министерот Бујар Османи – му го преправија името во Бугар Осамени

0
By Соња Крамарска on July 23, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Попладнево, непознат администратор ја измени содржината на англиската верзија на биографијата на министерот за надворешни работи Бујар Османи на познатата интернет енциклопедија Википедија. Му го избриша името и наместо Бујар Османи го напиша Бугар Осамени.

Кратко време на страницата покрај сликата наместо името стоеше „Бугар Осамени“, па потоа и во описот беше додадено known as a Bugar Osmanov (познат и како Бугар Османов).

Само во текот на 40-тина минути, имало 12 промени на страницата на Wikipedia на англиски јазик. За споредба толку промени имало од почетокот на годинава до денес.

Симптоматично е и што повеќе ФБ профили објавија фотографии од промената на податоците за Османи во истиот период.

Администраторите многу бргу реагираа за да ги отстранат навредливите содржини на најпознатата интернет енциклопедија и да ги вратат оригиналните.

Во моментот, повторно е вратена оригиналната содржина и навредите се избришани.

За разлика од англиската верзија на профилот на Османи која има опширна содржина, македонскиот профил на Wikipedia има само неколку податоци за образованието и лекарската кариера и се уште го води како „политичар и поранешен министер за здарвство“, иако во хронологијата на функциите сепак е наведено дека е министер за надворешни работи. (Р.Н.)

Бујар Османи Википедија
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025

Русија го укина мораториумот за распоредување ракети со среден и краток дострел

August 5, 2025

Париз: Макрон ќе го одликува последниот колпортер во главниот фреанцуски град

August 4, 2025
ФОКУС

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

ВЕСТИ August 5, 2025

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес разговараше по телефон со претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд…

Најмалку 40 Палестинци убиени во Појасот Газа, десет на хуманитарните пунктови

August 4, 2025

Хамас објави нови снимки од израелскиот заложник Ром Браславски како се грчи од глад: На работ сум на смртта

August 4, 2025

Куманово: Национализам на трибините на кои седеа и Мицкоски, Toшковски, Стоиљковиќ, Димитриески

August 4, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.