НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Документи со назнака „строго доверливи“ буквално истекоа од ѓубрето од домот на германскиот канцелар Шолц

0
By Mirjana on July 25, 2022 СВЕТ
Фото: timesofisrael.com
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Документи на германската влада со назнака „строго доверливи“, беа пронајдени расфрлани пред приватниот стан на канцеларот Олаф Шолц, откако лисиците му ги искинале кесите со ѓубре, пишува The Telegraph.

Ова ја  шокира германската јавност која го осуди канцеларот и го критикуваше  за фрлање доверливи информации во канта за ѓубре. Се почна од соседите на Шолц во Потсдам, на периферијата на Берлин кои пронајдоа неколку хартии означени како доверливи расфрлани на улица пред нивната куќа.

Документите главно се однесувале на сопругата на канцеларот Шолц, Брита Ернст, која е министерка за образование во покраината Бранденбург, чиј главен град е Потсдам. Соседите за германските медиуми изјавија дека на прв поглед е јасно дека документите, кои не биле исечени, се владини брифинзи кои апсолутно  не биле за јавна употреба.

Ѓубрето, што го видоа медиумите, вклучуваше брифинг од Министерството за надворешни работи на земјата со информации за претстојниот самит на Г7, вклучително и детали за секој од партнерите на лидерите на Г7, пишува Telegraph’s Morning News. Белешката содржела конкретни теми за Кери Џонсон, сопругата на британскиот премиер Борис Џонсон. Документите се однесуваат и на некои од партнерите на лидерите на Г7 во јуни, вклучувајќи ги Брижит Макрон, Брита Ернст и Кери Џонсон.

На брифингот за Марија Серенела Капело, сопругата на италијанскиот премиер Марио Драги, беше кажано дека има диплома по англиска литература и дека „ја избегнува јавноста“.

Во информативните белешки на првата дама на САД Џил Бајден и сопругата на францускиот претседател Емануел Марон има информации за нивните занимања, а во белешките за Јуко Кишида, сопругата на јапонскиот премиер Фумио Кишида, стои дека изјавила дека е „секретарка во јапонската фабрика за автомобили Mazda“…

Покрај белешките за Г7, документите покажуваат и детален план за тоа што Ернст требаше да облече на неколку официјални настани, како на пример кога гласаше на сојузните избори минатиот септември (панталони, сина кошула, тенок блејзер) и на пост -изборен собир (црн костим Hugo Boss, сива кошула, камен синџир, црни патики, црна Anke Runge чанта).

Документите вклучуваат и преглед на говорот што сопругата на канцеларот требаше да го одржи пред парламентот на Бранденбург, детален распоред каде ќе биде Ернст и со кого ќе се сретне, заедно со доказ дека се запишала на курсеви за подобрување на англискиот јазик.

Неколку документи беа означени како „VS Confidential“, највисок стандард за доверливост на владините документи.

Според системот за класификација, документите мора да останат во просториите на официјални владини згради или да се носат на службени патувања.

Двајцата беа на удар на критики во Германија, при што неколку медиумски извори ја доведуваат во прашање одлуката за отстранување на документите на таков начин, имајќи предвид дека и двајцата имаат повеќедецениско искуство во политиката и јавната администрација .

Германскиот магазин Шпигел напиша дека канцеларот и неговата сопруга наводно имаат релаксирана врска со доверливи документи, додека таблоидот Билд остро ги критикуваше навиките за рециклирање на двојката, пишувајќи: „Домаќинството Шолц не сфаќа сериозно кога станува збор за одвојувањето на отпадот – а особено не кога се работи за чување тајни“.

Шолц, кој ја презеде функцијата во декември 2021 година, се соочи со домашни и меѓународни критики во последниве месеци поради наглото зголемување на трошоците за живот, заедно со очигледниот неуспех да ги снабдува украинските војници со тешко оружје и покрај ветувањата за поддршка, пишува The Telegraph. 

ШОЛЦ ВО ЃУБРЕ ИСФРЛИЛ СТРОГО ДОВЕРЛИВИ ИНФОРМАЦИИ
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.