Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Борел: ЕУ силно ја осудува егзекуцијата на опозиционерите во Мјанмар

0
By Соња Крамарска on July 25, 2022 ВЕСТИ, СВЕТ
Жозеп Борел
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Monday, July 25, 2022 21:11

Поранешен пратеник од опозицијата и тројца активисти во Мјанмар беа егзекутирани, Европската Унија смета дека ова е уште еден чекор кон уривањето на правната држава во Мјанмар каде владее хунтата, јави дописничката на МИА од Брисел.

Властите во Мјанмар соопштија денеска дека овие четири лица познати како активисти за демократија и човекови права беа егзекутирани откако судот им изрече смртна казна.

Во име на Европската Унија се огласи високиот претставник за надворешна политика, Жозеп Борел, кој овие егзекуции ги нарече политички мотивирани.

-Овие политички мотивирани егзекуции претставуваат уште еден чекор кон целосното уривање на владеењето на правото и дополнително брутално кршење на човековите права во Мјанмар. Четирите лица се првите затвореници егзекутирани после три децении, чекор кој е целосно спротивен на светскиот тренд на укинување на смртната казна како нечовечка, сурова и неповратна казна која го нарушува неотуѓивото право на живот, изјави Борел.

Европската Унија по овој повод повторно изразува дека се противи на смртната казна секаде во светот.

За ЕУ овие егзекуции се доказ дека хунатата во Мјанмар „нема почит за животот и достоинството на луѓето кои треба да ги штити“.

-Ова само дополнително ќе ја заостри поларизацијата, насилството и драматичната хуманитарна ситуација во Мјанмар, изјави шефот на ЕУ дипломатијата.

ЕУ изрази поддршка за народот на Мјанмар и неговата желба за слобода.

-Го повикуваме воениот режим да му стави крај на насилството без одлагање и повикуваме на безусловно ослободување веднаш на сите кои се произволно уапсени, и враќање кон демократскиот пат, додаде Борел. (МИА)

Жозеп Борел Мјанмар
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.