НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Комора на приватно здравство: Да се објави оглас за ангажирање на лекари во новите ковид амбуланти

0
By НОВА ТВ Balaban on July 29, 2022 ЗДРАВСТВО
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Комората на приватно здравство при Сојузот на стопански комори на Македонија реагира на одлуката на Комисијата за заразни болести, матичните лекари да дежураат во новите ковид амбуланти.

– Матичните лекари се доктори вработени во приватни здравствени установи, а не во јавно здравство, поради што и нема правни можности да им се наметнуваат обврски, туку соработката треба да биде на договорен основ, регулирана со соодветен правен акт. Како доктори и управители на приватните здравствени установи тие имаат обврски кон своите матични пациенти и кон ПЗУ како правен субјект, што  вклучува континуирана здравствена грижа за сите матични пациенти, а не само за оние болни од ковид-19, како и издавање на рецепти, боледувања и другата административна работа што не може да се одложува, информираа денеска од Сојузот на стопански комори на Македонија.

Предлог на Комората на приватно здравство е решение за состојбата да се изнајде во модел за соработка помеѓу јавен правен субјект и приватен правен субјект  кој ќе се заснова на Договор за соработка. Имено ја повикуваме Комисијата да објави оглас на кој ПЗУ-и од општа медицина кои имаат волја да дежураат во ковид амбулантите, ќе можат да се пријават, а соработката ќе биде регулирана со соодветен договор кој ќе биде склучен со здравствената установа и во кој ќе бидат наведени договорните обврски и услови за двете страни. Во таа насока во огласот, односно договорот, јасно треба да се дефинира платата, надоместокот кој ќе се добива за ангажманот во ковид амбулантата, по примерот на плаќање на дежурствата во јавните здравствени установи, кои се регулирани со Колективен договор и Закон за работни односи. Законите треба да се почитуваат и да важат еднакво за сите поради што и не треба да се доведуваме во ситуација цената на трудот  на лекарите од јавниот сектор да биде платена, додека од оние во приватниот сектор да се очекува да работат бесплатно.

Комората за приватно здравство истакнува дека матичните лекари во текот на целата пандемија понесоа поголем дел од товарот, а при тоа не добија соодветна поддршка. Но и покрај тоа ставајќи ја грижата за пациентите на прво место поддржуваат креирање на соодветни решенија кои ќе го забрзаат движењето на пациентите низ системот и ќе придонесат за побрза дијагностика и соодветен и ефикасен третман, но тоа би требало да биде на начин на кој сите нешто ќе добијат и никој нема да трпи директна штета. Во однос на функционирањето на ковид амбулантите треба да се преиспитаат и дополнителни можности за ангажирање на лекарите од секундарното ниво на здравствена заштита, бидејќи според информациите кои ги објавува Комисијата за заштита од заразни заболувања во овој бран на ковид-19 нема зголемен број на пациенти со компликации кои бараат болничко лекување, што значи дека лекувањето се спроведува на примарно ниво односно кај матичните лекари, а оние од специјалистичките и болнички здравствени установи не се многу оптоварени, што би значело дека има можности за дополнително да се ангажираат.

Комората на приватно здравство е деловна мрежа во која членуваат  приватните здравствени установи од сите сектори, општи лекари, стоматолози, аптеки и веледрогерии, различни медицински специјалистички ординации и делува во насока на креирање на подобро окружување за развој на приватното здравство во нашата земја како партнер на јавното здравство со цел креирање на подобра здравствен систем во кој придобивки ќе има и за пациентите и за стопанските субјекти кои се занимаваат до здравствена дејност.

ковид амбуланти Комората на приватно здравство Матичните лекари
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Потврдена е првостепената пресуда против претседателот на Република Српска

August 1, 2025

Германија ќе испорача два системи „Патриот“ на Украина како дел од договорот со САД

August 1, 2025

Протест во Шабац против рудникот за литиум

August 1, 2025

Екс премиерот на Хрватска Санадер пуштен на условна слобода

July 31, 2025

Иран: САД мора да ни ја надомести штетата пред новите преговори

July 31, 2025
ФОКУС

Честитки од државниот за Илинден

ВЕСТИ August 2, 2025

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по повод 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, упати честитка до…

Одбележување на Илинден во Крушево, Пелинце и Скопје

August 2, 2025

Кијив: Ден на жалост по смртоносниот напад во кој загинаа најмалку 28 лица

August 1, 2025

Трамп ја намали царината за Македонија на 15 %

August 1, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.