Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

МНР денеска ја објави официјалната верзија од Протоколот со Бугарија

0
By НОВА ТВ Balaban on July 29, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Friday, July 29, 2022 15:49

Министерството за надворешни работи денеска во скенирана верзија  ја објави официјалната потпишана верзија  од Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија.

Верзијата може да се види на овој линк

Шефот на дипломатијата, Бујар Османи со неговата колешка од Бугарија, Теодора Генчовска на 17. јули во Софија го потпишаа Протоколот.

Потписот на двајцата министри врз документот, кој е и записник од втората седница на Мешовитата македонско-бугарска комисија, се смета за отворање пат кон почеток на пристапните преговори за членство во ЕУ.

Што се однесува на добрососедските односи со Бугарија, Османи нагласи дека Европската комисија нема да дава извештаи, бидејќи Договорот за добрососедство и соработка во францускиот предлог не е патоказ.

– Сите коишто беа вклучени максимално се вложиле за да има проекти, меморандуми, документи со кои односите меѓу нашите две држави отвораат едно ново поглавје, во коешто во сите сектори ќе се поврзуваат луѓето, бизнисите, различните институции, со цел таа соработка да биде поблиска, поплодна, заснована на меѓусебна доверба, како блиски пријатели, како со сојузници во НАТО и се надевам во скоро и како сојузници во ЕУ, изјави министерот Османи пред околу две недели.

Во делот за измени во учебниците, во протоколот се посочува дека Комисијата за историски прашања ќе ги носи главните одлуки.

„При изучувањето, оригиналите на соодветните историски извори и литературни текстови, да бидат достапни, да се користат и презентираат од соодветните образовни институции. Сите идни резултати од работата на Комисијата ќе се објавуваат заеднички од двете држави во рок од шест месеци по усвојувањето на договорените текстови од Заедничката меѓувладина комисија по член 12 од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка“, стои во Протоколот.

МНР официјалната верзија Протоколот
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.