Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Османи од Блед: Евро-интеграцискиот процес ѝ помага на Северна Македонија да ги зацврсти своите демократски потенцијали

0
By Соња Крамарска on August 30, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Tuesday, August 30, 2022 11:29

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, утрово, на маргините на Бледскиот стратешки форум, учествуваше на состанок организиран од министерката за надворешни работи на Словенија, Тања Фајон, на кој се разменија мислења за актуелните случувања на Западниот Балкан, со фокус врз неговата европска и евро-атлантска перспектива, регионалната соработка, како и за влијанието на војната во Украина врз политичките и економски процеси во регионот.
На почетокот на своето излагање, министерот Османи истакна дека почетокот на преговори за членство на Северна Македонија во ЕУ има историско значење, со оглед на седумнаесетгодишниот период на чекање од добивањето на кандидатски статус. Според Османи, овој чин ја нагласува важноста на политиката на проширување, како еден од најуспешните проекти на ЕУ, во зајакнувањето на европското единство и консолидација на безбедноста и демократските принципи и вредности на европскиот континент, се вели во соопштението на МНР.
„Евро-интеграцискиот процес ѝ помага на Северна Македонија да ги зацврсти своите демократски потенцијали, а со решавањето на споровите со соседите, да обезбеди долгорочен развој и предвидливост“, потенцира Османи.
Во ситуација кога континентот е под влијание на пошироките политички и економски ефекти на воената криза во Украина, но и на нерешените прашања во регионот, Османи ја нагласи неопходноста на континуирана комуникација и координација, како во рамките на иницијативата Б6, неформалната платформа за на министрите за надворешни работи од земјите на Западен Балкан, покрената од министерот Османи, во јуни минатата година.
На состанокот учествуваа и министрите за надворешни работи на Хрватска – Гордан Грлиќ Радман, Босна и Херцеговина – Бисера Турковиќ, Косово – Доника Грвала Шварц, Црна Гора – Ранко Кривокапиќ и заменик министерката за надворешни работи на Албанија – Меги Фино. (Р.Н.)

Бледски стратешки форум Бујар Османи
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
ФОКУС
May 9, 2026

Скопје: Наша Европа. Посилни заедно – 9-ти мај ден на Европа

ВЕСТИ May 9, 2026

Ден на Европа оваа година се слави под слоганот „Наша Европа. Посилни заедно“.

„Да го одбраниме Колективниот договор“ – СКРМ најави протест на отворањето на „Мајски оперски вечери“

May 8, 2026

Објавена мапа на американските напади врз Иран

May 8, 2026

Администрацијата на Трамп претстави нова стратегијa: ја обвинува Европа дека е „расадник“ на тероризам

May 7, 2026
ТИКЕР

Автомобил се забил во толпа во Германија – има загинати и повредени

May 4, 2026

Бугарската полиција откри огромен подземен град од канабис во стар рудник

April 30, 2026

Локација во Бугарија со 70 пати поголема радијација од нормалната – наредба за мерки за претпазливост

April 29, 2026

Косово на прагот на нови предвремени избори

April 29, 2026

Нов земјотрес од 6,2 степени ја погоди Јапонија

April 28, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.