Утре во центарот на Скопје, свечено ќе се отвори „Алејата на Украина“ (улица Никола Кљусев) и изложбата која го прикажува уништеното културно наследство на Украина.
„На 12.09.2022 година во 10:30 часот во центарот на Скопје градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, амбасадорката на Украина Лариса Дир и претседателот на Здружението на Украинците Олександр Урбанович свечено ќе ја отворат „Алејата на Украина“ (улица Никола Кљусев), како и изложбата која го прикажува уништеното културно наследство на Украина“, информира амбасадата на Украина во Скопје.
Инаку денеска е двестотиот ден откако Руската Федерација ја започна војната против Украина. И овој ден како и изминатите 200 дена од руската инвазија на Украина помина во знакот на обединување и помош од пријателите и партнерите, нескротливост и борба за слободата на Украинскиот народ.