Две лица се убиени во пукотница во Марсеј, соопшти француската полиција. Според првичните информации, инцидентот се случил во северниот дел на градот.
Нападот, според извештаи на локалните медиуми, се случил во 13-от округ, кога извршителите неколкупати пукале во возило во движење на автопатот, се наведува во вестите од Франција.