НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

(ФОТО) Пендаровски од Брдо-Бриони: На Западен Балкан му треба пристап до ЕУ механизмите за справување со економската криза

0
By Соња Крамарска on September 12, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Брдо кај Крањ учествуваше на 11. состанок на лидерите на земјите учеснички во процесот Брдо-Бриони, на кој се дискутираше за актуелните клучни теми во регионот и Европа, за процесот на проширување на Европската Унија со земјите од Западен Балкан, за безбедносната состојба и руската агресија врз Украина, како и за мерките и начините за справување со енергетската и економската криза предизвикана од војната во Украина.

Проширувањето на ЕУ, посочи Пендаровски, придонесува за одржување на мирот и стабилноста во нашиот регион, за подобрување на демократијата, владеењето на правото и заштитата на човековите права и слободи, и затоа е неопходно забрзување на интеграциските процеси на сите земји од Западен Балкан.

Пендаровски изрази очекување претстојниот состанок на Европската политичка заедница, што треба да се одржи во почетокот на октомври, да води кон натамошно забрзување на интеграцијата.

Лидерите го поздравија официјалниот почеток на преговорите на Северна Македонија и Албанија со ЕУ и ги повикаа институциите на Унијата да преземат храбри одлуки во врска со интеграцијата на преостанатите земји од Западен Балкан.

Во рамки на дискусијата, шефот на државата посочи дека Босна и Херцеговина го заслужува кандидатскиот статус за ЕУ, а Косово безвизниот режим и изрази очекување за натамошна силна поддршка од страна на Словенија и Хрватска во евроинтеграциските процеси на земјите од Западен Балкан.

Пендаровски потенцираше дека на земјите од Западен Балкан им е неопходен пристап до механизмите на ЕУ што поскоро, како поддршка за справување со претстојната енергетска криза, и посочи дека економската и социјалната криза може да предизвикаат повеќегодишна политичка криза и да генерираат дополнителна нестабилност. Со цел да се ублажат негативните ефекти од војната во Украина, тој повика на засилена соработка и дијалог.

Македонскиот претседател нагласи дека земјава е подготвена наредната година да биде домаќин на Брдо – Бриони процесот.

На состанокот во Крањ на покана на словенечкиот и хрватскиот претседател, Борут Пахор и Зоран Милановиќ, учествуваа претседателот на Албанија, Бајрам Бегај, претседавачот и двајцата членови на Претседателството на Босна и Херцеговина, Шефик Џаферовиќ, Милорад Додик и Жељко Комшиќ, претседателката на Косово, Вјоса Османи, претседателот на Србија, Александар Вучиќ  и претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ.

процес Брдо-Бриони Стево Пендаровски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

08:15 – 6. август 1945 – Хирошима одбележува 80-годишни од атомската бомба што го уништи градот

August 6, 2025

Тензично во Нов Белград – полицијата ги дели поддржувачите и противниците на Вучиќ

August 5, 2025

Стотици студенти и граѓани ја одбележаа 30-годишнината од „Олуја“ во глвниот град на Војводина

August 5, 2025

Израелски медиуми: Нетанјаху планира целосна окупација на Газа

August 5, 2025
ФОКУС

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

ВЕСТИ August 6, 2025

Средбата меѓу рускиот претседател Владимир Путин и специјалниот пратеник на претседателот на САД, Стив Виткоф,…

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Зеленски телефонски разговараше со Трамп – Украина ќе ѝ продава дронови на САД

August 5, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.