Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
Фото: Фејсбук профил Салвјанка Петровска

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Зајкова и Мојсоски од ЛДП: Не е време за Референдум, прашањето е апсурдно, Уставот е јасен

0
By Соња Крамарска on September 14, 2022 ВЕСТИ, ПОЛИТИКА
Архивска фотографија: пратеничката Моника Зајкова
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Wednesday, September 14, 2022 15:48

Референдумското прашање е апсурдно затоа што до сега во Македонија не познавам дека се случило во пракса да се поништи договор ратификуван од Собранието, па оттука се сомневам во искрените намери за референдум, односно дали се работи за искрена политика или повторно само гол популизам, рече денеска пратеничката и потпретседателка на ЛДП, Моника Зајкова.
„Скрининг процесот од утре започнува за пристапување на земјава во ЕУ, а денеска е одржан првиот состанок со делегатите од 27-те земји членки на ЕУ во работната група на Советот на ЕУ, задолжена за проширување и за земјите кои што преговараат за пристапување. Формирани се преговарачки тимови, така што со спроведување на референдумот, државата наместо напред би направила чекори наназад. Неразбирлива е одлуката да се излезе со такво референдумско прашање ако се земе предвид дека токму ВМРО-ДПМНЕ, беше онаа која немаше ништо против при усвојувањето на резолуцијата за Западен Балкан предложена од нивната сестринска партија- Европската народна партија на конгресот во Ротердам, во која се бара да се почитува и спроведува Договорот со Бугарија и добрососедските односи, потенцираше таа.
Таа додаде дека организирањето на референдум во време на енергетска криза е непотребен чекор, затоа што тоа ќе удри по буџетот на државата, а со тоа и по џебот на граѓаните. Според неа во моментов на отпочнати процеси не е потребно да има референдум, а истиот може повторно да предизвика големи поделби меѓу граѓаните, како и последици по однос на државата и успорување на процесот на нејзината евроинтеграција.
Пратеникот Боби Мојсоски вели дека внатрепартиски во ЛДП сè уште не дискутирале по однос на иницијативата за организирање на референдум но лично смета дека референдумското прашање може да ги успори веќе отпочнатите процеси на евроинтеграција.
„Во моментот е потребно силите да ги насочиме кон менаџирање и решавање на енергетската и економската криза кои ни се пред прагот и сите заедно да се насочиме кон развој и брзо поминување на патот до целосна европска интеграција а не да заглавиме во лавиринти. Уставот во членот 118 е јасен: ,,Меѓународните договори што се ратификувани се дел од внатрешниот правен поредок и не може да се менуваат со закон’’, вели пратеникот и генерален секретар на ЛДП Мојсоски.
Пратениците од ЛДП, инаку, во минатиот состав го поддржаа носењето на договорот за развој на добрососедските односи со Бугарија, оттука би било апсурдно од денешна перспектива да поддржат вакво референдумско прашање, изјави тој.

Боби Мојсоски ЛДП Моника Зајкова референдум
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
shortcut
ФОКУС
July 8, 2026

Марта Кос: Реформи да но и уставните

ВЕСТИ July 8, 2026

Постојат сериозни изгледи до 2028 година уште една земја од Западен Балкан да стане членка…

Сериозна ескалација: Америка силно го нападна Иран – пристигна соодветна одмазда

July 8, 2026

Париз: Ле Пен може во претседателската трка, но ќе носи електронска алка

July 7, 2026

Трамп по разговорот со Путин: Мирот во Украина е поблиску отколку што луѓето мислат

July 6, 2026
ТИКЕР

Грција по плажите поставува мрежи за заштита од рибите „зајак“

July 6, 2026

Нов масовен протест во главниот албански град – се бара оставка од премиерот Рама

July 5, 2026

Солун: Голем пожар – две фабрики изгореа но огнот е веќе ставен под контрола

July 5, 2026

И Шпанија забранува социјални мрежи за лица под 16 години – мерките ќе важат од догодина

July 2, 2026

Бројот на жртви од земјотресот во Венецуела се искачи на над 2.300

July 2, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.