НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Протест на слепите лица пред Владата – „Дајте ни ги правата“

0
By Sashko on September 14, 2022 ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Со паролата „Дајте ни ги правата”, Националниот сојуз на слепите на Република Северна Македонија (НССРСМ) денеска одржа протест пред Владата. Слепите лица побараа зголемување на додатокот за попреченост и за помагала, како и средба со премиерот Димитар Ковачевски.

Претседателот на Националниот сојуз на слепите, Бојан Селковски истакна дека протестот следи откако на разговорите со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и со претставници од Влада не биле најдени заеднички решенија.

„Бидејќи не најдовме решение на разговорите, веќе подолго време бараме прием кај премиерот за да ги искажеме нашите барања, а тоа се додатокот за попреченост да биде четириесет отсто од просечната плата во државава, триесет отсто туѓата нега од просечната плата и помагала, бидејќи сме единствена држава на оваа земјина топка каде слепите немаат никакви права за помагала“, рече Селковски.

Тој истакна дека за десет години и покрај соочувањето со кризите, добиле зголемување од само 500 денари на додатокот.

„Додатокот седум илјади беше пред 10 години, сега е 7500, туѓата нега беше 4.000, сега е 4700, затоа бараме трајно решение, бидејќи во други држави се врзани со просечната плата. Нашите додатоци се врзани со животни трошоци, досега од пред 10 години кога го остваривме тоа право беше 40 отсто од просечната плата, а сега знаеме колку статистиката вади за животни трошоци и е нереално. Со слепите лица и инвалидите на улица, не можеме да одиме во Европа. Во овие кризи најмногу сме запоставени инвалидите, а пред се слепите лица“, изјави претседателот на Сојузот.

Тој додаде дека не постои официјална статистика за тоа колку лица се засегнати со овие проблеми, но дека отприлика станува збор за 10.000, вклучувајќи ги сите заедно со сите приматели на правото на попреченост.

Селковски изрази надеж дека премиерот ќе ги повика на средба. Но, рече дека доколку не добијат никаков одговор ќе го свикаат Извршниот одбор и ќе се одлучи кои ќе бидат следните чекори.

По завршувањето на протестот од МТСП информира дека е закажана средба на која ќе се дискутира за потребите со кои се соочуваат слепите лица.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Топлотен бран во Франција, срушени рекордните температури

August 12, 2025

Мал авион на аеродромот во Монтана се урнал на пистата и удрил во повеќе паркирани авиони

August 12, 2025

Пожарите во Шпанија стигнаа до Лас Медулас, место на светското наследство на УНЕСКО

August 11, 2025

Пожар избувна во мотор на туристички брод кај Закинтос

August 11, 2025

Албанските власти почнаа со уривање на нелегално изградени големи објекти, кај Валона урнат трикатен објект

August 11, 2025
ФОКУС

Зеленски: Одлуки поврзани со Украина не можат да се донесат на средбата меѓу Трамп и Путин

ВЕСТИ August 12, 2025

Преговорите меѓу претседателот на САД, Доналд Трамп, и рускиот претседател, Владимир Путин, можат да бидат…

Сирски: Украинската армија постигнува успех во Суми – ослободува украинска територија

August 12, 2025

Трамп: Очекувам да имам средба со Путин која мислам дека ќе биде добра но можеби и лоша – ќе биде за запознавање

August 11, 2025

Шефот на НАТО Марк Рутена: Преговорите за територијална отстапка меѓу Русија и Украина се неизбежни

August 11, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.