Close Menu
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

34 години АРМ: Од „боси по трње“ до рамноправна и достојна членка на НАТО

August 16, 2026

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025
НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Ковачевски и Османи на 77-то Генерално собрание на ОН во Њујорк

0
By Соња Крамарска on September 18, 2022 ВЕСТИ, НАСЛОВНА, ПОЛИТИКА
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email
Published: Sunday, September 18, 2022 12:44

Премиерот Димитар Ковачевски во придружба на сопругата, од 19 до 24 септември ќе ја предводи владината делегација која ќе учествува на генералната дебата на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк (САД).

Во состав на владината делегација се министерот за надворешни работи Бујар Османи, постојаниот претставник при ООН во Њујорк, Љубомир Фрчкоски, како и советникот за надворешни работи Едмонд Адеми.

Ковачевски ќе учествува и ќе се обрати на главната дебата каде тема е „Tрансформативни решенија на испреплетени предизвици“. Тој ќе говори и на Самитот за трансформација на образованието под покровителсто на генералниот секретар на ОН Гутереш и УНЕСКО. Дебатата ќе биде во насока на унапредување на образовните системи во земјите преку реформски процеси кои ќе обезбедат квалитетно и достапно образование за секое дете.

Меѓу другите активности на премиерот е и учество на состанок на високо ниво по повод одбележувањето на 30 годишнината од усвојувањето на Декларацијата за правата на лицата кои припаѓаат на национални, или етнички, верски и јазични малцинства.

За време на посетата на Њујорк, Ковачевски ќе одржи предавање на Универзитет Колумбија, каде ќе даде осврт на уникатниот модел на одржлива демократија на Република Северна Македонија, како и економската интеграција и трансформација на земјата. Предавањето ќе се одржи во рамки на серијата говорници и предавања на Форумот на светски лидери каде досега учествувале над 300 претседатели на држави од 85 земји, меѓу кои и премиерот на Хрватска Зоран Милановиќ, премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис, премиерката на Норвешка, Солберг, премиерката на Финска, Марин. Во оваа серија говорници, предавања имаат одржано и поранешниот претседател на САД Бил Клинтон, поранешната државна секретарка Медлин Олбрајт, поранешниот претседател на Француската Република Никола Саркози, поранешниот генерален секретар на ООН Бан Ки-Мун.

Ковачевски е поканет и ќе присуствува на приеми кај претседателот на САД Џо Бајден и кај градоначалникот на Њујорк Ерик Адам.

За време на посетата, а во рамки на Генералното собрание на ООН, премиерот Ковачевски ќе се сретне со генералниот секретар на Организацијата на Обединетите Нации, Антонио Гутереш.

77-ме Генерално собрание на ОН Бујар Османи Димитар Ковачевски
Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
shortcut
ФОКУС
August 29, 2026

Исланд гласа за или против обновување на преговорите за членство во Европска Унија

ФОКУС August 29, 2026

Денеска, 29 август, граѓаните на Исланд гласаат дали владата треба да ги обнови пристапните преговори…

Техеран го повика Вашингтон да признае воен пораз

August 16, 2026

Букурешт: Дуња Иванова четврта на Балканот во МТБ маратон во Романија – 73 км. должина и 2.400 м. висинска разлика

August 15, 2026

Њујорк Тајмс: Европа смислува свој формат за преговори за Украина

August 15, 2026
ТИКЕР

77-ми протест против владата на Еди Рама

August 16, 2026

Анкета: Турската опозициска „Нова партија“ води со речиси осум отсто пред партијата на Ердоган

August 14, 2026

Масовен сајбер напад во Полска, украдени се медицински податоци на 19 милиони граѓани

August 13, 2026

Најмалку седум мртви во нападот врз училиште во Тајланд

August 7, 2026

СОЗИС: Украинците повеќе им веруваат на генералите отколку на Зеленски

August 7, 2026
CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2026 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.