НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
What's Hot

Интервју со Павле Гацов: Малите економии имаат мал број алтернативи за справување со американскиот економски протекционизам

April 7, 2025

Интервју со Мирче Јовановски: Последиците од царините на САД – губење работни места и странски инвестиции и намален извоз

April 3, 2025

Интервју со пратеничката на СДСМ Славјанка Петровска: Ни треба повеќе храброст но не во ветувањата туку во исполнувањата

March 25, 2025

Subscribe to Updates

Get the latest creative news from FooBar about art, design and business.

НОВА ТВНОВА ТВ
  • НАСЛОВНА
  • ВЕСТИ
  • ЗУМ
  • УДАРНО
  • ИЗБОР
  • ТЕМА
НОВА ТВНОВА ТВ

Еврозоната се соочува со зголемен ризик од рецесија

0
By Sashko on September 19, 2022 ЕКОНОМИЈА
Фото: ceps.eu
СПОДЕЛИ
Facebook Twitter LinkedIn Email

Ризикот од рецесија во еврозоната достигна највисоко ниво од јули во 2020 година, затоа што расте и загриженоста дека зимската енергетска криза ќе предизвика пад на економските активности.

Економистите кои ги анкетираше „Блумберг“, сега проценуваат дека веројатноста за контракција во два последователни квартала е 80 отсто во наредните 12 месеци, во однос на 60 проценти во претходното истражување. Најголемата економија во блокот и онаа меѓу најизложените од намалувањето на испораките на гас, германската, веројатно ќе падне уште во овој квартал.

Домаќинствата и компаниите во Европа се подготвуваат за можноста на рационализација на енергијата откако Русија ги исклучи испораките гас и веќе се борат со рекордно високата стапка на инфлација и други тесни грла во снабдувањето. Според анкети, активноста се намалува од јули, со неколку добри знаци во блиска иднина.

Во последните три месеци од оваа година се очекува инфлацијата да достигне врв од 9,6 отсто, што е речиси петпати повеќе од проекциите на Европската централна банка (ЕЦБ). Испитаниците не гледаат дека се приближува до целта од два отсто до 2024 година.

Расте загриженоста поради инфлацијата

Иако претставниците на ЕЦБ предвидуваа дека економијата на еврозоната само ќе стагнира, а не и да се намали, при ажурирање на ставовите овој месец ја зголемија загриженоста околу порастот и изгледите за инфлацијата во регионот. Претседателката Кристин Лагард и нејзините колеги ги оправдаа големите покачувања на каматните стапки со решеност да го скротат растот на цените, иако економистите сметаат дека им истекува времето за преземање такви дејствија.

Испитаниците сметаат дека ЕЦБ ќе го паузира циклусот на зголемување на каматните стапки, но до февруари ќе ги подигне каматните стапки на највисоко ниво од два отсто за депозитната стапка. Повеќе од половина очекуваат зголемување од 75 базични поени на следниот состанок на ЕЦБ во октомври.

Главниот економист Филип Лејн минатата недела изјави дека невообичаеното големо зголемување на каматните стапки на ЕЦБ месецов било соодветно, истовремено сигнализирајќи дека идните чекори веројатно ќе бидат помали. По најновата одлука, други претставници на ЕЦБ за „Блумберг“ кажаа дека не исклучуваат понатамошно зголемување од 75 базични поени.

Share. Facebook Twitter LinkedIn Email
ТИКЕР

Земјотрес од 5,9 степени по Рихтер го погоди Тајван

August 7, 2025

Американски војник уапсен поради обид за пренесување информации за тенкот Абрамс на Русија

August 7, 2025

Американската база Форт Стујарт во Џорџија е блокирана поради пукање, има ранети

August 6, 2025

ЕЦБ: Кинеската конкуренција ги потиснува работните места во еврозоната, особено во автомобилската индустрија

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025
ФОКУС

Вашингтон: Повисоките царини на Трамп стапија на сила, погодувајќи ги стоките од главните трговски партнери на САД

ВЕСТИ August 7, 2025

Повисоките царини на претседателот на САД, Доналд Трамп, кои се движат од 10 до 50…

Заврши средбата на Путин со Виткоф – траела три часа

August 6, 2025

Централната изборна комисија на БиХ му го одзеде мандатот на Милорад Додик

August 6, 2025

Москва: Средба Путин – Виткоф

August 6, 2025

Претплати се на е-билтенот на НоваТВ

Добиј ги последните вести на твојата е-адреса.

CIVICA
Facebook
  • Редакција
  • Маркетинг
  • Политика на приватност
© 2025 НОВА ТВ

Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.